14 Декември, 2025
0.1815

ЗГАСНАЛО ДРУШТВОТО ЗА ТРГОВИЈА СО НАФТА „ПЕТРОЛГАС“ ОД ТЕТОВО - „Тетекс“ ја извести инвеститорската јавност

Објавено во: Економија 02 Октомври, 2023 10:02

Добивај вести на Viber

Згаснало трговското друштво Петролгас од Тетово.

Оваа информација ја објави тетовскиот комбинат Тетекс преку Берзата, од каде информираа дека трговското друштво Петролгас, кое е поврзано со Тетекс, е избришано од трговскиот регистар. 

„Тетекс АД Тетово објавува дека на ден 29.09.2023 година, согласно Решение издадено од Централен регистар на Република Северна Македонија, извршено е бришење од Регистарот на Трговско друштво за трговија со нафта и нафтени деривати ПЕТРОЛГАС ДООЕЛ Тетово, поврзано друштво со Тетекс АД Тетово согласно Законот за трговски друштва“, се вели во објавата до Берзата од тетовскиот комбинат.

Причините за бришењето на ова друштво од Регистарот, односно неговото згаснување, не се објавуваат, ниту што се случило со имотот на тоа друштво.

Како што веќе сме пишувале, пред неколку години згасна производството на текстилни производи, што всушност беше кор бизнисот на Тетекс. Сепак, друштвото работи многу профитабилно, главно поради успешното работење на ТТК Банка, која е нивна златна кокошка и постојано прикажува одлични финансиски резултати.

Кон крајот на минатиот месец, Тетекс исто така преку берзата информираше дека заложиле под хипотека имот вреден близу 3,5 милиони евра, што е над 5 отсто од вредноста на друштвото, и поради тоа е неопходно таково известување да се даде и до инвеститорската јавност. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји