19 Мај, 2024
0.0366

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пазарните инспектори ги „чешлаат“ кафулињата, а бројките на заразени се уште се високи

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 18 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

ИНСПЕКТОРИ НАПРАВИЈА РАЦИЈА 

При големата рација во повеќе кафулиња низ Скопје, синоќа пазарните инспектори биле под жесток вербален напад од страна на гостите кои дури два часа по работното време, односно во 23.00 часот морале да си заминат. Директорот на Пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски, за Фактор вели дека инспекторите се изнаслушале навреди, колнења и друг непристоен речник.

-  Е навистина не знам што им беше синоќа, дали дека од денеска имаат скратување на работното време до 18 часот, па да надокнадат, навистина не знам. Ама такво нешто не сме виделе. Имав распоредено четири екипи, одеа од едно место на друго. И што да видат во најпознатите локали во Скопје, гости колку сакате. Е навистина не можам да разберам. Па, згора на се, кога разбрале дека има инспектори, седеле во локалите во темница, светлата биле намерно исклучени. Бегале од споредни излези. При тоа, налутено и во поднапиена состојба викале по инспекторите, ги колнеле, ги вреѓеле.  Тоа беа гости во „Три кичен“, „Мош“ и „Холивуд“, вели директорот Пауновски за Фактор.

Инаку, веќе на социјалните мрежи се шират и фотографии, но и видеа како синоќа бегале гостите од Мош.

ДЕНЕС СКОРО 900 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2827 тестирања, а регистрирани се 883 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-345, Куманово-37, Дебар-10, Штип-32, Прилеп-54, Тетово-32, Струга-21, Велес-39, Битола-36, Охрид-34, Кавадарци-29, Гостивар-19, Гевгелија-32, Струмица-44, Крива Паланка-7, Радовиш-12, Крушево-1, Кочани-25, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево –4, Валандово-8, Виница-5, Делчево-1, Кратово-3, Свети Николе-12, Кичево-16, Ресен-4, Неготино-17. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 536 оздравени пациенти од: Скопје-153, Куманово-23, Штип-17, Прилеп-30,  Тетово-43, Струга-26, Велес-26, Битола-40, Охрид-18, Кавадарци-21, Гостивар-41, Гевгелија-15, Струмица-13, Крива Паланка-5, Радовиш-6, Крушево-1, Кочани-3, Пробиштип-3, Валандово-5, Виница-1, Делчево-3, Кратово-3, Свети Николе-13, Кичево-9, Ресен-8 и Неготино-10.

Во болнички услови починати се 29 лица, дванаесет пациенти од Скопје (72, 75, 80, 70, 84, 54, 64, 33, 78,78,48 и 64г.), два пациенти од Куманово (63 и 82г.), три пациенти од Прилеп (76, 67 и 87г.), двајца од Тетово (65 и 72г.), пациент од Струга (81г.), двајца од Велес (77 и 80г.), два пациенти од Битола (64 и 65г.), двајца од Гостивар (63 и 74г.), пациент од Валандово (83г.) и двајца од Кичево (78 и 73г.).

Вицепремиерот Љупчо Николовски е позитивен на коронавирусот.

Заменик на Претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси соопшти денеска дека имал благи симптоми.


РЕАГИРАШЕ ИНСТИТУТОТ ЗА ИСТОРИЈА ЗА НАЈАВЕНИТЕ ПРОМЕНИ

Институтот за историја при Филозофскиот факултет во Скопје денеска се огласи со жестока реакција за предлог концептот за кратење на предметот историја, односно негово вклопување во друг предмет заедно со општествени науки.

Овој институт смета дека ваквиот концептот е целосно погрешен, скандалозен, се носи нетранспарентно, дилетантски, а тие што го спроведуваат се некомпетентни и не ја познаваат материјата што сакаат да ја реформираат. Оттаму предупредуваат и дека секој обид за спроведување на концептот во актуелен миг наликува на активности на квислинзи и домашни соработници на странски сили, кои не работат во интерес на својот народ и држава.

ЗАЕВ ВЕЛИ ДЕКА СЕ РАБОТИ НА РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО БУГАРИЈА

Премиерот Зоран Заев во брифингот со албанските медиуми денеска при посетата во Пустец рече дека се работи на отстранување на проблемот со Бугарија, но како што рече тој, не знае кој е тој.

- Ние продолжуваме да работиме на отклонување на проблемот со Бугарија, за кој што дури и не знаеме во што е проблемот. На крајот, заради тоа што сме пријателски земји, ние треба да си помагаме меѓу себе, за целиот Балкан да биде во ЕУ. Проблемот настана со долгото и краткото име - Република Северна Македонија и Северна Македонија. Ние потврдивме дека не постојат територијални претензии и го решивме на начин на кој го решаваат европски земји. Работиме на отклонување на омразата, на другите прашања како што е имплементирањето на Договорот за пријателство, инфраструктурата, историските личности итн. Можеби договорот не се реализра одлично, но се реализира добро. Но се надевам дека многу брзо ќе најдеме решение со Република Бугарија, рече Заев меѓудругото.

Албанските медиуми се интересираа за неговата посета, откако и Албанија и Македонија истовремено беа блокирани да добијат датум за преговори со ЕУ поради блокадата на Бугарија.

Фабриките за производство на канабис во Свети Николе и во Валандово се во сопственост на моите двајца братучеди. Ниту јас, ниту брат ми, Зоран Заев немаме лиценца за одгледување и производство на канабис, вели Вице Заев во интервју за Слободен печат. 


ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Објавени се проектите со точните суми на пари чија изградба ќе треба да биде финансирана од 50-те милиони евра на ТАВ Македонија во договорот за пренамена на средствата што требаше да се потрошат за карго аеродромот во Штип, инаку обврска која операторот ја превзеде со добивањето на концесијата над аеродормите.

Владата се реши да го забрза колку што може повеќе проектот за новиот Клинички центар. Локацијата е избрана, се знае и отприлика колку многу пари ќе ја чини државната каса, а во собраниска процедура се најде и законско решение за овој проект, кое ќе се носи по скратена постапка.

Новиот директор на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, ТИРЗ, Јован Деспотовски, денеска откри многу интересен податок, а тој е дека плтите на нашите работници кои работат во зоните се пониски од просечните плати на ниво на држава, а исто така и побавно растат во однос на просечните нето плати на другите граѓани во државава.

Новиот сопственик на железарската валавница „Либерти Галати“ е спремен да плати по 40 денари за акција која нема книговодствена вредност! На слободен пазар се над 2,2 милиони евра и нивната вредност изнесува 1,45 милиони евра

Од денеска стапуваат на сила новите рестриктивни мерки кои ги усвои Владата по препорака од Комисијата за заразни болести, со што стартува кампањата „Празнувај одговорно“.

Можеби ќе ве интересира

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје