ФАКТОР НА ДЕНОТ: Новиот гувернер Трајко Славески вети дека ќе ја оправда довербата, приоритет ќе му биде ниска инфлација
Објавено во: Економија 29 Мај, 2025 22:00
ТРАЈКО СЛАВЕСКИ ГИ ПРЕТСТАВИ ПРИОРИТЕТИТЕ
Новоизбраниот вицегувернер Трајко Славески денеска во Собранието даде свечена изјава пред претседателот на законодавниот дом Африм Гаши и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска.
Славевски синоќа пред полноќ со 68 пратенички гласови беше изгласан за нов гувернер на Народна банка со мандат од седум години, а на таа позиција ќе ја наследи Анета Ангеловска-Бежоска.
„Ветувам дека ќе ја оправдам довербата, а оние кои имаат некакви забелешки ќе ги убедам во спортивното, дека Народна банка била и ќе остане независна институција, посочи новоизбраниот гувернер на Народната банка Трајко Славески, во денешната свечена изјава.АРСОВСКА И ГАНИУ ПРОДОЛЖУВААТ СО КАВГАТА
Продолжува драмата помеѓу градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу. Во доцните часови, ноќеска, Ганиу организирано со камиони и со граѓани, заминаа пред Град Скопје каде истурија ѓубре пред влезот на градот.
Набрзо, на местото се појави градоначалничката, Данела Арсовска, која на присутните им бараше телефонски број од Ганиу за да го повика да дојде и нагласи дека во општина Чаир го чекала 4/5 часа.ИСТРАГАТА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ Е ЗАВРШЕНА
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вели дека истрагата за пожарот во Кочани е завршена, а од утре почнува увидот на одбраната во доказите.
Тој за Тв 24 вели дека засега не може да прецизира колкав ќе биде конечниот број обвинети, а најави можност за некои да биде прекината истрагата. Kaжа дека се работи за многу сложена истрага.
Коцевски вели, полицијата влегла во „Пулс“ 15 минути пред пожарот.
ОЈО ЈА ОТФРЛИ ПРИЈАВАТА ЗА СЕРТИФИКАТОТ НА БОЈАН ХРИСТОВСКИ
Друг сертификат по англиски јазик го спаси директорот на АНБ, Бојан Христовски, а ОЈО ја отфрли пријавата.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји
Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје
„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз
(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“
Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?




