OJO ЈА ОТФРЛИ ПРИЈАВАТА: Друг сертификат по англиски го спаси Бојан Христовски
Објавено во: Македонија 29 Мај, 2025 15:54
Друг сертификат по англиски јазик го спаси директорот на АНБ, Бојан Христовски, а ОЈО ја отфрли пријавата.
Јавниот обвинител ја отфрли анонимната кривична пријава против директорот на АНБ Бојан Христовски во која тој се обвинуваше за лажен сертификат по англиски јазик издаден од училиште во Бугарија. Иако македонското обвинителство побарало од бугарските колеги да го проверат центарот од каде што бил издаден сертификатот „Јулија КО ЛТД“ сепак сопственичката не била достапна за сведочење, па меѓународната правна помош не била од корист. ОЈО Скопје тргнало да ги истражува сертификатите за познавање на англиски јазик од поранешното работно место на Христовски, Градски паркинзи и битолскиот универзитет каде бил асистент. Тогаш истражителите откриле дека Христовски имал уште еден документ за знаење на англиски, Сертификат за положен TOEFL IBT од 26.03.2022 година со освоени 75 поени, положен од дома, он лајн, преку Испитниот центар за Република Бугарија. При проверките на другиот сертификат било утврдено Христовски можел да полага ТОЕФЛ од дома. Сепак поради временскиот период од полагањето, обвинителот не може со сигурност да каже дали е веродостоен.
„Резултатите и сертификатот од тестот се достапни во електронска форма 6-10 дена по тестирањето преку корисничкиот профил на лицето кое што го полагало тестот, а доколку поминале повеќе од две години од полагањето, како што е во случајов, ETS не може да даде известување или да ги верификува резултатите и тестот“, објаснуваат од ОЈО.
Велат дека по целосно спроведените проверки јавниот обвинител констатираше дека во наведениот случај пријавениот не направил лажна исправа со намера таквата исправа да ја употреби како вистинска и не употребил преправена исправа како вистинска, ниту пак како доказ во правниот сообраќај употребил исправа, книга или спис за кои знае дека се невистинити.
„Приложениот сертификат согласно распожливите докази бил издаден по полагањe на TOEFL ibt тест во домашни услови во текот на 2022 година и истиот се разликува од сертификатот издаден од Language School Julia CO.LTD. Па така директорот на АНБ со друг сефртификат направен без намера да биде лажен, но сепак непроверлив за ОЈО „не предизвикал правна последица, ниту бил од какво било значење за правните односи и за именувањето за директор“, вели надлежниот обвинител .
Од ОЈО упатуваат и на другите институции како Просветниот инспекторат, Антикорупциска кои го истражувале сертификатот на Христовски и не утврдиле никакви неправилности.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




