14 Декември, 2025
0.0451

Екс пратеникот Таневски стана повторно директор на охридските хотели по точно една година добивање апанажа

Објавено во: Економија 29 Мај, 2025 11:41

Добивај вести на Viber

Бизнисменот и угостител Лазе Таневски по точно една година откако му истече пратеничкиот мандат во Собранието и законски доделената апанажа од 12 месеци, се врати повторно на чело на охридските хотели кои што ги менаџира.

Поранешниот претседател на СДСМ Охрид и пратеник во собранискиот состав 2020 - 2024 од овие денови повторно е раководител на хотелите „Лаки“ и „Десарет“. Двата угостителски објекти на охридското крајбрежје се менаџирани од Теди Комерц, каде што тој повторно е управител на местото на Билјана Таневска.

„Хотел Лаки и спа“ е еден од најлуксузните хотели на охридското крајбрежје препознатлив по отворениот бар и базен, додека „Десарет“ во Пештани е во сопственост на акционерското друштво „ОхридТурист“, но Теди Комерц на Таневски плаќа закуп за овој објект. 

Пратеничкиот мандат на Таневски истече во мај минатата година по парламентарните избори. Апанажата е законско право пратениците да добиваат плата во следните 12 месеци по завршувањето на пратеничкиот мандат и истата ја исплаќа Собранието. Просечната плата на пратеник до лани беше нешто над 100.000 денари без додатоците за работен стаж и за учество во собраниските тела. Ако се собере се, таа е околу 2.000 евра.

Апанажа им беше одобрена на вкупно 36 поранешни пратеници, а освен Таневски, се пријавија Арбен Зибери, Љатифе Шиковска, Енес Ибраим, Снежана Калевска Ванчевска, Бастри Бајрами, Вјолца Адеми и Бедри Фазли. Една година правото на апанажа ќе го користат и Жаклина Лазаревска, Соња Михајловска, Ненад Коциќ, Марија Георгиевска, Санела Шкриељ, Дарко Каевски, Марија Костадинова, Марија Ангелова, Емилија Рамбабова, Љупчо Балковски, Белкиса Зеќири, Даниела Колева, Бајрам Кадрија, Аднан Незири, Лолита Ристова, Диме Велковски, Артина Ќазими, Марија Кочовска, Мухамед Кадриов, Маја Морачанин, Боби Мојсоски, Кастриот Реџепи, Мартин Костовски и Мирче Аџиовски.

Таневски од 2017 беше назначен за претседател на општинската организација на СДСМ Охрид, а тогашната опозиција го критикуваше дека позицијата ја искористил за неговата ќерката да биде вработена како докторка и да добие специјализација, додека зетот за ќерка бил вработен во контрола на летање. Сепак треба на Таневски да му се признае тоа што во Собранието дојде како претприемач од бизнисот, додека најголемиот дел од пратениците во секој еден состав главно се „бирократи“ од јавниот сектор.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?