19 Мај, 2024
0.0334

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нема нови рестриктивни мерки иако се регистрирани повеќе од 1.400 заразени

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 26 Март, 2021

Добивај вести на Viber

ЗАСЕГА НЕМА НОВИ РЕСТРИКЦИИ

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок не препорача нови мерки, а следниот состанок е закажан за вторник идната недела. Останува на сила полицискиот час кој трае од 22 до 05 часот изутрина, а со последната одлука на Владата, по препорака на Комизијата за зарани болести, засега оваа рестриктивна мерка во насока на спречување на ширењето на корона вирусот ќе трае до 6.април.

Извори на Фактор од Комисијата за заразни болести брифираат дека ова тело веќе има нови членови.

-Дел од колегите кои членуваа во Комисијата за заразни болести веќе заминаа во пензија, а дел, пак имаат професионални ангажнаи надвор од Македонија. На нивно место се исто така експерти и професионалци кои ќе продолжат да работат во Комисијата за заразни болести, вели изворот на Фактор.

МАКЕДОНИЈА РЕГИСТРИРАШЕ НАД 1.400 ЗАРАЗЕНИ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 4.277 тестирања, а регистрирани се 1.422 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 618, Куманово – 94, Прилеп – 89, Велес – 76, Тетово – 63, Гостивар – 54, Кавадарци – 53, Битола – 50, Штип – 39, Гевгелија – 38, Охрид – 33, Струмица – 27, Неготино – 26, Кочани – 22, Кичево – 17, Струга 13, Ресен – 12, Пробиштип – 10, Дебар, Берово и Свети Николе – по 9, Крива Паланка и Радовиш – по 8, Валандово – 7, Богданци и Демир Капија – по 6, Македонски Брод и Пехчево – по 5, Виница и Делчево – по 4, Крушево – 3, Демир Хисар и Кратово – по 2, Дојран - 1.

Регистрирани се 457 оздравени пациенти од:

Скопје - 128, Прилеп – 50, Кавадарци -33, Неготино – 28, Гостивар – 26, Куманово, Тетово и Велес – по 25, Струмица – 17, Гевгелија – 16, Штип – 15, Битола и Кочани – по 11, Берово -10, Валандово – 6, Радовиш – 5, Кичево и Крушево – по 4, Крива Паланка, Делчево и Демир Капија – по 3, Пробиштип и Виница – по 2, Охрид, Ресен, Богданци, Демир Хисар, Македонски Брод и Дојран – по 1.

Пријавени се вкупно 33 починати лица: 12 пациенти од Скопје (83г,82г,81г,75г,74г,72г,70г,70г,69г,62г,43г,38г), по 3 пациенти од Тетово (69г,60г,41г) и Кавадарци (78г,77г,71г), по 2 пациенти од Битола (83г,65г), Прилеп (73г,68г) и Ресен (75г,66г) и по едно починато лице е пријавено од Куманово (62г), Гостивар (57г), Охрид (64г), Струмица (72г), Струга (76г), Крива Паланка (85г), Валандово (79г), Крушево (53г) и Кратово (76г). Од пријавените, 33 лица сите се починати во болнички услови.

НАРКОБОСОВИТЕ КОИ БЕА СЛЕДЕНИ СЕ ВО БЕГСТВО

Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал, Вилма Русковска, денеска соопшти дека цела година двајца јавни обвинители заедно со истражители од ова обвинителство, ги следеле двете криминални групи чии членови вчера беа уапсени во голема полициска акција „Планина“ во Грчец и Гази Баба. 

Според неа, во овој период се собрани доволно докази за нивната недозволена трговија со дрога – главно кокаин, преку низа специјални мерки – следење комуникации, тајно следење и снимање надвор од приватен имот. 

„Засега нема доказ за поврзаност на двете групи туку ќе бидат процесуирани како два посебни предмети“, рече Русковска.

СИМОВСКИ ПОВИКА ДА СЕ ПОПИШАТ ЛУЃЕТО ВО ДИЈАСПОРАТА

Директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски, преку посебно обраќање ги повика етничките Македонци да не потпаднат под влијание на повиците за бојкот на пописот на резидентното население, за кои вели дека „целта им е државата да ја стават што подлабоко во кал“.

- За жал во последно време се поинтенизвна е негативната кампања, но да не ги слушате ваквите повици на демотивација. Се обраќам директно до Македонците. Почитувани, живеете во единствената држава каде што слободно можете да се изјасните како Македонци. Тука ја имате таа можност без никаков притисок. Да ги заборавите овие повици на бојкот и дека ќе се заболите. Повеќе пати повикавме дека ќе ги почитуваме протоколите и дека нема да придонесеме епидемијата да се рашири. Секаде каде што има можност за отворен простор, тоа таму ќе го направиме, рече Симовски.

Одговарајќи на новинарско прашање, рече дека повикувањето на бојкот е кривично дело, согласно одредени закони, ако има основа и дека заводот ќе ги пријавува сите кои повикуваат на бојкот. 

РАМА ПОВТОРНО ЛОБИРА АЛБАНЦИТЕ ДА СЕ САМОПОПИШАТ

Неколку денови откако на бел лист хартија ја напиша електронската адреса на која македонската дијаспора може да се самопопише кога во својот кабинет го пречека македонскиот прв вицепремиер Артан Груби, сега албанскиот премиер Еди Рама од истиот тој кабинет со видеобраќање детално објаснува како Албанците од Македонија ширум светот можат да се регистрираат на овој попис. 

Тој наведува дека им се потребни само пет минути за да се попишат, бидејќи со тоа „ќе се процени и уставната моќ на Албанците“.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Поради пандемијата која не стивнува, граѓаните немаат желба ниту можности да патуваат. Туристичките агенции ги нудат Турција, Епигет, Дубаи, Занзибар, Малдивите, а наесен се очeкува да има понуди и за одмор во Доминиканската република. 

Комбинатот „Гоце Делчев“ (ГД) – Тиквеш лани од извоз на трпезно грозје и вино оствари 3,5 милиони евра приходи и оствари добивка од 542.000 евра. Лани компанијата доби субвенции од 500.000 евра за справување со последици од корона кризата

Во годината која беше специфична од многу аспекти, УНИБанка успеа да оствари сериозен финансиски резултат. Впрочем во пандемиската 2020 година има рекордна добивка најголема од основањето на банката.

Откако земјата ја задолжи со издавање на еврообврзница за 700 милиони евра, Владата сега планира уште едно ново задолжување, овој пат од 37 милиони евра. За таа цел во Собранието се турка закон за задолжување по скратена постапка. Од Владата се правдаат дека не станува збор за сложен закон и затоа може да оди на овој начин.

Во последните три дена загрижува фактот дека меѓу големиот број починати има навистина млади луѓе. Вчера, меѓу оние кои не ја издржаа борбата со вирусот е пациент на 38-годишна возраст, завчера починаа девојчиња кои имаа само 23 и 24 години. Помладата немала никакви коморбидни состојби претходно. 

Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична