19 Мај, 2024
0.0284

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Maкедонија регистрира скоро 600 заразени, во соседството почнува вакцинирањето

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 24 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

ДЕНЕС МАКЕДОНИЈА ИМА СКОРО 600 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2206 тестирања, а регистрирани се 592 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-259, Куманово-31, Дебар-7, Штип-8, Прилеп-30, Тетово-18, Струга-21, Велес-17, Битола-24, Охрид-28, Кавадарци-35, Гостивар-21, Гевгелија-8, Струмица-12, Крива Паланка-9, Радовиш-5, Кочани-7, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-2, Валандово-3, Виница-4, Делчево-4, Кратово-1, Свети Николе-5, Кичево-10, Ресен-7, Неготино-12. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 691 оздравени пациенти од: Скопје-245, Куманово-26, Штип-28, Прилеп-76,  Тетово-23,  Струга-12, Велес-23, Битола-47, Охрид-13, Кавадарци-25, Гостивар-29, Гевгелија-17, Струмица-19, Крива Паланка-2, Радовиш-5, Кочани-13, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-5, Пехчево-1, Берово-16, Валандово-1, Виница-2, Делчево-12, Кратово-4, Свети Николе-7, Кичево-11, Ресен-7 и Неготино-18.

Починати се 21 лице, шест пациенти од Скопје (79,78,68,62, 64 и 53г), двајца од Куманово (69 и 78г), двајца од Тетово (60 и 72г), тројца од Прилеп (61,77 и 85г), еден пациент од Штип (87г), еден од Охрид (77г), еден од Струга (69г), двајца пациенти од Битола (64 и 85г), еден од Струмица (83г), еден од Берово (59г) и еден пациент од Валандово (52г).Сите пациенти се починати во болнички услови.

НОВА ПРОВОКАЦИЈА ОД КАРАКАЧАНОВ

Бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов во своето последно телевизиско гостување излезе со нова провокативна изјава, алудирајќи на тоа дека Македонија е таа која ги присвојува историските личности за севе.

- Потпишавме договор пред 3 години, тој не се запазува. Не знам дали знаете дека дури и Исус Христос е Македонец. Скопските политичари мораат да ја градат својата историја врз основа на автентични факти од нивната историја, рече министерот за одбрана во интервјуто за бугарската национална телевизија.

Тој вели дека Македонија треба да го промени пристапот кон заедничката историја за да добие датум на преговори со ЕУ.

НОВА НАДЕЖ ЗА БОЛНИТЕ ОД КОВИД

Лекот кој се смета за голема надеж и како ефикасен за лекување на болни од коронавирусот, Ивермектин, добил зелено светло од Комисијата за заразни болести. Официјалниот документ се очекува денеска да стигне во Агенцијата за лекови.

Оваа информација за неколку медиуми ја потврдил и директорот на Агенцијата за лекови, МАЛМЕД, Лирим Шабани.

Според него, по добивањето на документот, веднаш ќе почнат со процес на увоз на инвермектинот, но битно е колкава количина ќе биде потребна. 

СРБИТЕ ПОЧНУВААТ СО ВАКЦИНАЦИЈА

Министерката за труд, лекарка и член на Кризниот штаб за борба против коронавирусот во Србија, д-р. Дарија Кисиќ Тепавчевиќ денеска ќе ја прими вакцината „Фајзер“.

Таа за српските медиуми изјави дека се чувствува горда затоа што Србија успеала да ја добие вакцината меѓу првите во светот.

Дарија Кисиќ Тепавчевиќ изјави дека вакцинирањето во Србија започнува денес, прво меѓу најстарите граѓани во домовите за стари лица.

Русите направија нешто посебно, вели српскиот инфектолог Ана Глигиќ во интервју за РТС. 

Имунизацијата против Ковид-19 во Хрватска ќе почне во недела на 27.декември, истовремено со започнувањето на вакцинацијата и во останатите земји на ЕУ. Според премиерот Андреј Пленковиќ, првите кои ќе ја примат вакцината на Факзер и Бионтек ќе бидат штитениците во домовите за стари лица, како и здравствените работници.

ПОЧНУВА СУДЕЊЕТО НА БОНЕВА

Денес започна судскиот процес што го води обвинителството против Силвана Бонева за фамозното фиктивно прикажување на патните трошоци како поранешна пратеничка. Таа го отфрла обвинението како невистинито и паушално.

„Во овој судски процес со приложените 6967 докази и 28 сведоци, ќе докажам и пред судот и пред јавноста дека обвинението поднесено против мене е невистинито и паушално, исто како што беа и големите лаги дека сум била рекордер во земањето на патни трошоци, големата лага дека сум купила станови со криминални пари и медиумскиот линч што со години беше спроведуван врз мене, врз основа на тие лаги“, напиша Бонева на Фејсбук.

Поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ и извршувач на неколку други функции додава дека поднела и претставка до Народниот правобранител, кој врз основа на приложената документација, покренал постапка, како што вели таа, за заштита на нејзините права.

УЈП ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ ЗА НАЈВИСОКИТЕ ПРИМАЊА

Некогаш не треба само да знаеш како да работиш, туку и како да ти се паднат добитните комбинации во игрите на среќа.

Лани скопјанка заработила 476 илјади евра од лото, објави денеска директорката на УЈП Сања Лукаревска, на прес конференцијата по обработените годишни даночни пријави.

Штипјанец, пак, лани во земјава важел за најбогатиот пенизионер, кој зел годишен брито приход од пензија на сума од 131 илјади евра, или месечно 11 илјади евра. Роднините на овој пензионер исто така, сигурно се многу среќни луѓе.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Општина Арачиново заживеа со јавните набавки откако Владата на седницата на 11 декември донесе одлука да ја помогне локалната самоуправа со 500.000 евра неповратна помош.

Четворицата пратеници на партијата БЕСА, кои се дел од владејачката коалција на СДСМ предлагаат образецот за личните карти на граѓаните на земјава да се дополни и со податоци за етничка припадност.

Реформите во обрзованието станаа нова жешка тема, и тоа во година кога најосновно е да се спроведе наставата на безбеден начин, и притоа да не трпи квалитетот на наставата, а со тоа да им се наштети на самите ученици.

Приходите од продажба на „Европа“ пораснале за 8 отсто и достигнале 9,2 милиони евра. Компанијата ја зголемува продажбата дома, но и извозот од кој инкасира 5,4 милиони евра што е 10 отсто повеќе од лани.

Кај дел од газдите кои зедоа државна помош за исплата на плати за октомври, Управата за јавни приходи веќе извршила присилна наплата, односно сметките им биле блокирани и им биле одземени средствата. 

Празнувањето за некои поединци може да биде релаксација и радост, а за други извор на стрес, нервоза и раздразливост, вели психологот Лариса Стојковиќ Трајкоска од Центарот „Синтеза“ од Прилеп,  за празнувањето на Нова година и Божиќ во време на пандемија, нешто со што прв пат се соочуваме.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“