19 Мај, 2024
0.0277

Српска лекарка објасни која е разликата помеѓу вакцините за корона

Објавено во: Балкан, Корона Вирус 24 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Русите направија нешто посебно, вели српскиот инфектолог Ана Глигиќ во интервју за РТС. 

Таа објасни детали околу вакцинацијата против коронавирус и разликата меѓу вакцините кои се нудат на пазарот. Вели дека сите вакцини се правени долго, сите аномалии се поправени, сите вакцини што ќе дојдат во фаза на масовна примена не би требало да имаат никакви недостатоци. 

„Вакцините навистина се подготвени на специфичен начин, по брза постапка, дизајнирани се на хартија, а потоа се направени во лабораторија. Испитувањата беа задолжителни, врз животни, а потоа и врз луѓе, не беше извршено класично тестирање по различни возрасни групи, тие беа направени ‘брзо’, но беа контролирани доволно за да може да се добие лиценца за масовна примена. Знам многу за руската вакцина „Спутник V“, морам да се коригирам, и јас досега велев „Спутник пет“… таа е направена на „носач“, како и таа на „Модерна“, парче од геномот на сегашната корона се уфрла во форма на вакцина, а потоа внатре се комплетира во провокатор на имунолошкиот систем и создава антитела“, рече таа.

Кажа дека вакцината е ефикасна 92 проценти. Таа наведе кои се разликите во однос на другите вакцини.

„Кинеската, руската и оксфордската се создадени на носач, на вирус што веројатно сите го имаме во нашите животи, тие се безопасни аденовируси. Болеста што ја предизвикуваат е обично кивање, тие не предизвикуваат сериозни проблеми. Ќе испиете чај и аспирин, ќе се накашлате и тоа е тоа. Постојат повеќе од сто аденовируси, а само парче од сегашната корона е вметнато во аденовирусот во вакцината, за да го испровоцира имунолошкиот систем да произведува антитела. Сите три вакцини се направени на тој, истиот начин. Тие само содржат различни аденовируси“, вели докторката. 

Според д-р Глигиќ, Русите направиле нешто посебно, првата доза е на еден, а ревакцинацијата на друг вид аденовирус. Од короната нема да се отарасиме, вели таа. 

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ прва ја прими вакцината против Ковид 19 на Фајзер со што и официјално започна вакцинацијата во Србија. 

Можеби ќе ве интересира

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел