14 Декември, 2025
0.0494

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Maкедонија договори стратешко партнерство со Велика Британија - најавени инвестиции од шест милијарди евра

Објавено во: Македонија 16 Мај, 2025 21:52

Добивај вести на Viber

МАКЕДОНИЈА ДОГОВОРИ СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО СО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

По средбата со британскиот премиер Кир Стармер, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека овој договор е историски и тој ќе овозможи инвестициски циклус во вредност од околу шест милијарди евра во инфраструктурата, железницата, транспортот, здравството и други области.

„Со овој меѓувладин договор сигурен сум дека ќе имаме уште поголема билатерална соработка, ќе ги зацврстиме нашите врски и со ова ќе се не само искуството туку и ќе се сподели искуството на Обединетото кралство во тој дел на ЕУ и сметам дека Балканот е навистина инспиративно место“,  изјави Мицкоски.

ПРЕСУДА ЗА ПОЖАРОТ ВО МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО

Тогашните директори Флорин Бесими и Артан Етеми се осудени на една година и шест месеци затвор за пожарот на Модуларната болница во Тетово. Тетовската болница како правно лице е казнета со парична казна од 1 милион денари.

Судскиот процес се повтори, а во истиот беа обвинети двајцата директори и тетовската болница во врска со пожарот во модуларната болница на 8 септемврри 2021 година при што животот го загубија 14 луѓе.Тогапш Етеми и Бесими како обвинети за тешки дела против општата сигурност ја добија истата казна но условно.

ЧЕТИРИ ПОВРЕДЕНИ ОД ПОЖАРОТ КОИ БЕА ВО СТРАНСТВО СЕ ВРАЌААТ ДОМА

Четворица пациенти повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а кои беа на лекување во странство, се враќаат во Македонија, соопшти Министерството за здравство. Тие ќе бидат задржани под опсервација на Клиниката за пластична хирургија и Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“.

- Поконкретно, еден од пациентите пристигна во тек на вчерашниот ден од Софија, двајца пациенти се враќаат денеска од Белград, а четвртиот пациент треба да пристигне утре од Софија, со што во странските медицински центри ќе останат на лекување уште 11 пациенти од повредените во пожарот во Кочани. Пациентите кои се лекуваат во странство се во стабилна состојба - појаснуваат од Министерството за здравство. 

НОВО РОЧИШТЕ ЗА ДВОЈНОТО УБИСТВО НА ВАЊА И ПАНЧЕ

Судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски продолжи денеска во Основен Кривичен суд Скопје во фаза на доказна постапка. 

Во текот на рочиштето, Палевски презентираше службени белешки од видео-докази од камерите на Хотел Романтик, кои, според неговото образложение, потврдуваат учество на три лица, а не четири во грабнувањето на Панче Жежовски.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

ЕСМ ги објави износите на добиените бруто плати во текот на 2024 на новите членови на Управниот одбор во компанијата, кои беа назначени за нови раководители на крајот на август лани по промената на власта. Месечните примања на директорите, ако грубо се пресмета, излегува дека достигнале до 2.500 евра нето.

Општина со помалку од 12.000 жители во источна Македонија има фирма за транспорт и трговија со деривати која оствари приход од 141 милиони евра.

Слично како директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов, и Петар Богојевски како новоназначен функционер пријави висока вредност на влог во криптовалути во поднесениот анкетен лист до Државната комисија за спречување на корупција.

Општина со помалку од 12.000 жители во источна Македонија има фирма за транспорт и трговија со деривати која оствари приход од 141 милиони евра. 

Ревизорите деновиве укажаа дека немаме доволно зеленило во државата, а од Зелен Институт од Скопје велат дека градовите се живеалишта на огромен број луѓе на мал простор, опкружени со бетон, челик и стакло, без доволно струење на чист воздух и без допир со природата.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено