ЧЕТИРИ ПАЦИЕНТИ КОИ БЕА НА ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО СЕ ВРАЌААТ ДОМА - меѓу повредените во Кочани уште 11 лица остануваат во установите надвор од земајва
Објавено во: Македонија 16 Мај, 2025 14:54
Четворица пациенти повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а кои беа на лекување во странство, се враќаат во Македонија, соопшти Министерството за здравство. Тие ќе бидат задржани под опсервација на Клиниката за пластична хирургија и Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“.
- Поконкретно, еден од пациентите пристигна во тек на вчерашниот ден од Софија, двајца пациенти се враќаат денеска од Белград, а четвртиот пациент треба да пристигне утре од Софија, со што во странските медицински центри ќе останат на лекување уште 11 пациенти од повредените во пожарот во Кочани. Пациентите кои се лекуваат во странство се во стабилна состојба - појаснуваат од Министерството за здравство.
Како што додаваат, специјалисти од Клиниката за пластична хирургија повеќепати во неделата редовно одат во Општата болница во Кочани и вршат преглед, преврски и тријажа на повредените пациенти, а воедно и специјалисти по физикална медицина и специјалисти од психијатрија се вклучени во третманот на лицата со изгореници.
- Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација - истакнуваат оттаму.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“, што избувна рано изутрина на 16 март, животот го загубија 62 лица, а близу 200 беа повредени и пренесени на лекување во болниците низ државава и медицинските центри во странство.
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




