БОЛИ ГЛАВА: Новиот функционер Богојески има криптовалути од над милион евра
Објавено во: Економија 16 Мај, 2025 13:44
Слично како директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов, и Петар Богојевски како новоназначен функционер пријави висока вредност на влог во криптовалути во поднесениот анкетен лист до Државната комисија за спречување на корупција.
Новоименуваниот директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Скопје има купено 11 Биткоини за кои тој смета дека сега вредат 59.734.070 денари (околу милион евра), а во Србија има купено 129 Етериуми од 125.000 евра. Претходно Пандов во имотниот лист доставен до ДКСК пријави дека има 10 биткоини, а во време на пријавувањето ги проценил на 600.000 евра односно 60 илјади евра (63,7 илјади долари) по парче.
Богојевски пријавил недвижнина во Карпош купена во 2012 а со сегашна проценета вредност од 278.000 евра. Пишува дека е дел од зграда со намена стан со гаража. Оваа година во Ракотинци купил земјоделско земјиште од околу 26.000 евра.
Лани купил ново SUV возило Фортинг T5EBO во вредност од 30.000 евра. Неговиот удел од 61 отсто во ДТУ Бегова Корија ДОО Скопје, фирма која го поседува одморалиштето „Шула Мина“, го вреднува на 550.000 евра. Богојески има влог од 5.000 евра во ВФП Фонд Менаџмент. Неговите деца имаат акции во, како што е објавено во анкетниот лист, банка во основање во САД, но не се споменуваат суми.
Во странство, од 2020 има влог од 50.000 евра во американски валутен фонд, а има и животно осигурување од 15.000 евра. Вредни осигурителни полиси во странство имаат и неговата сопруга и деца.
Има две дивизни сметки (во евра и долари) и два персонални сефа во банка (еден во денари и еден во евра). Девизна сметка има и во банка во Бугарија. Има девизна готовина (наследена и купена) во вредност од 120.000 евра.
Лично поседува златен накит од повеќе од 40.000 евра и икони со благородни метали проценети на 20.000 евра.
Платата на Богојески во агенцијата каде што е директор е 87.000 денари.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




