19 Мај, 2024
0.0298

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Maкедонија бележи 1.161 нови заразени, а меѓу жртвите има двајца млади луѓе

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 11 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

ПОЧИНАА ЛУЃЕ НА ВОЗРАСТ ОД 30 И 35 ГОДИНИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3114 тестирања, а регистрирани се 1161 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-410, Куманово-54, Дебар-19, Штип-54, Прилеп-59, Тетово-58, Струга-25, Велес-55, Битола-75, Охрид-51, Кавадарци-55, Гостивар-38, Гевгелија-38, Струмица-27, Крива Паланка-10, Радовиш-14, Крушево-1, Кочани-28, Пробиштип-7, Демир Хисар-3, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-1, Валандово-5, Виница-2, Делчево-5, Кратово-3, Свети Николе-18, Кичево-12, Ресен-7, Неготино-24. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 806 оздравени пациенти од: Скопје-295, Куманово-34, Дебар-4, Штип-20, Прилеп-49,  Тетово-45, Струга-25, Велес-29, Битола-62, Охрид-33, Кавадарци-18, Гостивар-41, Гевгелија-15, Струмица-22, Крива Паланка-8, Радовиш-3, Крушево-3, Кочани-14, Пробиштип-7, Демир Хисар-2, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-9, Валандово-4, Виница-4, Кратово-1, Свети Николе-7, Кичево-14, Ресен-16 и Неготино-19.

Починати се 26 лица, седум пациенти од Скопје (61, 66, 63, 67, 68, 64 и 30г), двајца од Куманово (53 и 63г), двајца од Штип (64 и 78г), двајца од Прилеп (85 и 85г), еден пациент од Струга (71г), еден од Битола (61г), четири пациенти од Гостивар (57, 83, 76 и 75г), еден од Струмица (80г), еден од Крива Паланка (73г), двајца од Кочани (66 и 67г), еден од Пробиштип (35г), пациент од Делчево (64г) и еден од Кичево (66г). Пациентите се починати во болнички услови.

И ДЕНЕС ПОРАКИ ОД БУГАРИЈА ПО ВЕТОТО

Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева вели дека клучен фактор за ветото и најголем проблем во односите меѓу двете земји е неисполнувањето на Договорот за добрососедство.

Објасни дека едностраното прекинување на работата на историската комисија, антибугарската реторика и сопките за бугарските инвеститори се  причина за незадоволство. 

„Во тој Договор исто така, има текст за едностраните обврски за Македонија за тоа дека нема да има никакви претензии за македонското, т.н македонско малцинство во Бугарија”, рече таа. 

Таа повика да се запре и говорот на омраза. 

За да најдеме решение, мора да се вратиме на Договорот за пријателство и добрососедство, вели европратеникот и известувач на Европскиот парламенет за Северна Македонија, Илхан Ќучук во интервју за Бугарското национално радио (БНР).

Во Бугарија има иницијатива да се одзема државјанство на оние македонски граѓани кои земале бугарски пасоши. 

СУДИЈАТА ОБЈАСНИ ЗОШТО МАНДИЌ ДОБИЛА КУЌЕН ПРИТВОР

Судијата по претходна постапка Ненад Савески за МИА изјави дека наместо притвор по барањето на Обвинителството, одредил само куќен притвор за поранешната заменик-претседателка на „Меѓународен сојуз“, Јасна Мандиќ, поради како што вели тој, нејзината материјална и семејна состојба.

Обвинетата Мандиќ, инаку поранешна соработничка на Бојан Јовановски, на вчерашното рочиште тврдеше дека советникот на Зоран Заев, Зоран Башановиќ, ургирал кај премиерот таа да не оди во притвор како осомничена во случајот, покажувајќи електронска порака.

Савески дека дека никој не му влијаел околу одлуката за притворот на Јасна Мандиќ, обвинета во предметот „Меѓународен сојуз“, коментирајќи ја наводната комуникација меѓу премиерот Зоран Заев и Зоран Башановиќ и наводните влијанија врз него.

ЗА 10 ГОДИНИ НАД 65.000 МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ ДОБИЛЕ БУГАРСКИ ПАСОШИ

65.675 граѓани на Република] Северна Македонија се стекнале со Бугарско државјанство со декрет на потпретседателот за последните 10 години. Овие податоци ги изнесе министерката за правда на Бугарија, Десислава Ахладова, на пратеничко прашање во бугарскиот парламент.

Од 1 јануари 2010 година до 22 октомври оваа година поднесени се 77.829 пријави доставени како молби од Македонците да примат Бугарско државјанство.

НАПРАВЕНА Е АНКЕТА ЗА ВАКЦИНАТА ЗА КОРОНАВИРУСОТ

Според извештајот од регионалната анкета на Глобсек спроведена во девет земји од  Источна Европа, повеќе од една третина од испитаниците веруваат во конспиративни теории поврзани со КОВИД-19. Конспиративните теории имаат најголемо влијание во земјите од Западен Балкан.

Во Македонија дури  29 отсто од испитаниците веруваат во теориите на заговор, односно дека при вакцинацијата ќе им биде вграден чип.Истражувањето утврдило дека подготвеноста за вакцинација против Ковид-19 се зголемува со зголемување на довербата во јавните институции.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Нов момент во нашата 25 годишна корпоративна историја : околу 1.500 домашни физички лица – мали акционери во ФЗЦ „11 Октомври“ идниот петок ќе одлучуваат за зделка вредна 50 милиони евра во која се вклучени ФЗЦ и нивниот најголем акционер Тони Каранфиловски преку три семејни фирми од кои две се акционери и во ФЗЦ поседуваат речиси 60 отсто од акциите

Директорите и управителите на државните институции, агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија, општините и акционерски друштва во државна сопственост ќе бидат казнети со 2.000 евра доколку не им дадат работни задачи на „рамковно“ вработените административци, според-предлог законот кој влезе во Собранието а ќе се носи по брза постапка.

Власта со закон ќе регулира дека дуќаните, маркетите и другите малопродажни објекти, ќе мора да воспоставуваат ред и дисциплина пред своите објекти, со цел да не се создава метеж и да се спречи ширењето на ковид 19 меѓу населението. Во спротивно ќе ризикуваат високи казни.

Последната млада жртва на корона вирусот, 22-годишната родилка од Скопје која почина вчера, пред да биде примена на Клиниката за гинекологија и акушерство, претходно два пати одбивала да биде хоспитализирана во оваа здравствена институција. 

Во моментов на јавна сцена се случува жестока вербална војна на релација оштетени штедачи и газди на пропаднатата Еуростандард банка.

Брзината на економското заздравување ќе зависи од брзината на запирање на пандемијата. Во тој контекст, очекувам постепено нормализирање на здравствената состојба во развиените земји, како главни пазари за македонскиот извоз, и како резултат на тоа зголемување на оптимизмот и личната потрошувачка, вели во интервју за Фактор, Зоран Јовановски, советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија. 

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“