23 Април, 2024
0.0268

ПАРИТЕ НЕ СЕ ПРОБЛЕМ, НО ПАРИТЕ ГИ НЕМА - штедачите и газдите на Еуростандард се препукуваат, а НБМ тврди дека ги презела сите мерки и немала никакви политички притисоци

Објавено во: Финансии 11 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Во моментов на јавна сцена се случува жестока вербална војна на релација оштетени штедачи и газди на пропаднатата Еуростандард банка.

Штедачите не штедеа зборови да го нападнат Трифун Костовски и неговиот син Коста, но и менаџерскиот тим во банката, кои, како што обвинуваат, се одговорни за грабежот на нивните пари од банката. Од друга страна, пак, им возврати и Костовски, нагласувајќи дека тие претерале и дека не треба да бидат толку жестоки кон него и неговото семејство, бидејќи нив им е најтешко, оти не само што ги изгубиле парите, туку и образот.

И додека јавноста се забавува или не со препукувањата, се добива впечаток како клучните институции кои требало да ја следат банката и евентуално да ја превенираат загубата на голема сума средства, или евентуално и да спречат одедени незаконски дејствија доколку такви имало, како да стојат настрана и немо го посматраат случајот.

Додека, пак, штедачите сега ја следат стечајната постапка и буквално „молат бога“ од неа да се добијат барем колку е можно повеќе средства за нивно обештетување. Затоа и главното внимание им е насочено кон Уставниот суд, од каде очекуваат одлука дали ќе ја преиспита законската одредба со која Фондот за осигурување депозити има предност при наплатата на средства од стечајната маса.

А од друга страна, и оштетените депоненти, но и косопствениците на пропаднатата банка, сметаат дека одговорна за пропаста на банката е централнта банка, која според едните - не реагирала навреме, а според вторите, избрзала со одлуката за одземање на дозволата на банката, без претходно да ги исцрпи сите други мерки.

Еве што напишаа штедачите во своето последно соопштение.

„Веќе четири месеци од пропаѓањето на Еуростандард банка ја чувствуваме суровоста на системот, кој по својата функција требаше да биде наша заштита од криминалот и гаранција за нашите права. Се соочивме со суровата реалност да дознаеме дека нашите лични средства доверени во банката биле со години давани во ненаплатливи кредити, преку однапред направен план да не бидат вратени, наши пари делени во неповрат. Народната банка, институцијата која требала да не заштити, навремено да реагира и да превземе мерки да не дојде до штетни последици за депонентите во банката, не само што не реагирала, туку со својата пасивност и толерантност кои допринеле да се случува и развива криминалот во банката, таа станала и соучесник во истиот. Но, Народна банка и раководниот тим предводен од гувернерката Бежоска не се единствените соучесници во овој организиран криминал. Сите други институции кои се формирани од државата со задача да го следат текот на парите и да се борат против финансискиот криминал и перењето пари, поради својата пасивност и ненавремено делување, не можат да бидат изземени“, пишуваат оштетените депоненти во својот последен допис до јвноста

Од тие пичини, Фактор ја праша Народната банка, како со години не забележала дека од банката се одлевала голема сума пари преку давани кредити кои немале покритие. Прашавме и ако го забележала тоа, зошто НБМ навреме не реагирала, односно не презела мерки побрзо за да се заштитат парите на депонентите. Се интересиравме и зошто било дозволено да се даваат кредити без соодветно покритие. Но и дали, ако навреме се преземеле мерки за трагата на парите, и ако имало поголем притисок да се наплатат кредитите, имало шанси загубата да биде помала, а не како што сега тврдат штедачите, да бидат ненаплатливи дури 55 милиони евра.

Ја прашавме и централната банка, односно гувернерката Бежоска, зошто не беше преземена мерка администрација во банката. И дали како гувернер, конкретно во случајот Еуростандард банка, имала било каков политички притисок околу преземањето мерки во врска со Еуростандард банка.

Еве како на нашите прашања одговорија од Кабинетот на гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска.

„Би сакале да посочиме дека како професионална, независна и транспарентна институција, имајќи го предвид интересот на јавноста, во сиот изминат период, Народната банка, преку низа изјави и соопштенија се осврна на прашањата коишто се предмет на интерес на јавноста во врска со Еуростандард банка, вклучително и на овие прашања. Клучно, Народната банка со детали за овие прашања се осврна и на Надзорната расправа во Собранието, на седницата на Комисијата за финансирање и буџет, на 13 ноември 2020 година“, велат од централната банка, упатувајќи не на стенограмските белешки од надзорната расправа на Собраниската комисија за финансирање и буџет, и нагласувајќи дека за сите прашања кои заради временското ограничување не можеле во целост да се одговорат на самата седница, одговори во писмена форма се доставени до Комисијата за финансирање и буџет.

„Кон Еуростандард банка беа изречени голем број супервизорски мерки, коишто согласно со оцените и наодите на супервизорските тимови беа потребни, соодветно на состојбите во банката. Законот за банките предвидува дека мерките зависат од видот на проблемот со кој се соочува банката. Само за илустрација, би потсетиле дека во периодот од 2013 па сѐ до одземањето на дозволата беа донесени 21 решение со повеќе од 70 супервизорски мерки. Само во последните две години беа изречени околу 40 дополнителни супервизорски мерки. Како што повеќе пати досега посочивме, Народната банка  направи сѐ што согласно со своите надлежности можеше да направи, а со цел заштита на билансот на Банката, односно заштита на доверителите. Меѓу другото, ова секако подразбира и навремено известување на надлежните институции, за сите сомневања и индиции коишто и според домашната регулатива и според меѓународните стандарди не се во надлежност на органот за супервизија“, потнцираат од централната банка.

Од НБМ тврдт дека немале никакви политички притисоци или интервенции во врска со случајот Еуростандард.

Клучно, би сакале да потсетиме дека Народната банка е независна институција. Како што е нормирано во Уставот и подетално прецизирано со Законот за Народната банка – Народната банка ниту смее, ниту прима насоки и инструкции од други институции или било кое друго тело или лице и во своето работење применува високи стандарди на професионалност. Впрочем, ова се и меѓународни барања за независноста на централната банка, вткаени и во Договорот за функционирање на ЕУ, преточени и во статутот на ЕЦБ и Европскиот систем на централни банки, заради што Законот за Народната банка е оценет за значајно усогласен со европската регулатива. Токму независноста на Народната банка, во повеќе наврати беше оценета за клучна во носењето на важни, иако тешки одлуки, и од страна на високи претставници на Меѓународниот монетарен фонд“, се вели во писмениот одговор кој Фактор го доби од централната банка.

Фактор постави прашања и до каде е предметот за Еуростандард банка во Основното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, кои веќе го замрзнаа имотот на поврзани лица со случајот со банката, но оттаму, до подготовката на овој текст, не добивме одговор. Штом го добиеме одговорот, ќе го објавиме во целост.

А штедачите, пак, вчера известија дека својата надеж ја гледаат во Уставниот суд.

„Со нашата иницијатива бараме укинување на член од Законот за банки, бидејќи со него се прави нееднаквост и дискриминација на доверителите во стечајната постапка на банката. Воедно, бараме да се изрече и привремена мерка со која ќе се спречи нов грабеж на нас оштетените, овојпат преку одлевање на нашите пари според закон токму согласно наведениот член. Имено, преку оспоруваниот член, на Фондот му се дава првенство односно монопол во наплата на побарувањата во однос на физичките и правни лица депоненти во банката, кои на ваков начин се ставени во нерамноправна положба и се директно оштетени... Ценејќи дека со пропаѓањето на Еуростандард банка се предизвика голема неправда и директна штета врз околу 3.000 семејства, чии лични средства се заробени и злоупотребени во банката не по нивна вина и поради што веќе трпат последици, упатуваме апел до Уставниот суд и до уставните судии својата конечна одлука по предметната иницијатива да ја донесат што е можно поскоро... Здружението изразува надеж дека Уставниот Суд ќе собере сила и ќе ја врати вербата во правната држава и владеењето на правото“, пишуваат оштетените штедачи.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија