ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно
Објавено во: Македонија 23 Април, 2024
ГЛАСАА БОЛНИТЕ, ЗАТВОРЕНИЦИТЕ И ДИЈАСПОРАТА
Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски вечерва соопшти дека денешниот изборен ден за Претседателските избори, на кој гласаа болните и изнемоштените, затворениците во казнено-поправните домови и лицата во притвор, во старските домови и македонските државјани во странство, поминал мирно. Тој информира дека имале потешкотии во некои планински средини заради врнежите од снег.
„Денот на гласање помина мирно. Се отворија сите избирачки места. Имаше малку потешкотии во некои планински средини бидејќи никој не очекуваше дека денеска ќе биде толку лош ден, оти ќе биде прилично ладно, дожд, па на планински места и снег. Но се отворија сите места и сите овие категории граѓани што требаше денеска да гласат, гласаа“, истакна Даштевски во вечерашното гостување на ТВ Сител.
Даштевски информира дека до 17 часот излезноста на македонските државјани во дијаспората е повеќе од 50 отсто.
БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА?Откако Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија вчера јавно го кренаа гласот против самоволието на економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази, за која, како што велат не дозволува да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар, туку да се вработат 18 лица на кои им истекле договорите за дело на 31.12.2023, меѓу кои имало и лица кои немаат соодветно образование за тука, директорот на Клиниката, на неговиот фејсбук профил, објави статус кој кај многумина предизвика конфузност.
Имено, според тоа што тој го напиша, кај граѓаните се наметнува впечатокот дека тој си заминува од Токсикологија, клиника во која долги години успешно работеше.ПОТРОШУВАЧКАТА КОШНИЧКА ПОСКАПЕ
Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра.
Минималната синдикална кошница за април чини 60.212 денари и е за 1.214 денари повисока отколку во март годинава кога беше 58.998 денари. Со изнајмен стан од 60 квадратни метри, таа изнесува 75.587 денари, објави Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).
ЧИТАЈТЕ УШТЕ