19 Мај, 2024
0.0289

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денес 102 позитивни, а Русковска отвори истрага за софтверот на ДИК

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 28 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

НОВИ 102 ПОЗИТИВНИ И 5 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство ја објави статистиката за денеска во однос на корона вирусот во Македонија. Информираат дека во последните 24 часа се направени 1356 тестирања, а регистрирани се 102 нови случаи на ковид-19 во:Скопје 39, Куманово 11, Штип 13, Прилеп 3, Тетово 2, Струга 2, Битола 6, Охрид 3, Кавадарци 3, Гостивар 8, Радовиш 1, Кочани 1, Демир Хисар 1, Македонски Брод 1, Виница 1, Свети Николе 3, Кичево 4.

Починати се 5 лица, пациент од Скопје, пациент од Кичево, пациент од Куманово, пациент од Прилеп и пациент од Штип.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 99 оздравени пациенти од:

-Скопје 49
-Штип 2
-Тетово 10
-Струга 17
-Охрид 15
-Гостивар 2
-Струмица 1
-Кочани 1
-Кичево 1
-Ресен 1

Досега во земјата се направени вкупно 97550 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

ОТВОРЕНА Е ИСТРАГА ЗА СОФТВЕРОТ НА ДИК

Обвинителството за организиран криминал и корупција oтвори истрага за набавка на софтверот на Државната изборна комисија (ДИК). Информацијата ја потврди и обвинителката Вилма Русковска, која изјави за Сител дека поднеле барање до судија на претходна постапка да извршат претрес. 

Од ДИК и од Дуна, фирмата која ја работеше апликацијата се одземени потребните документи за склучениот договор и за изработка на софтверот на кој требаше да се следат резултатите од изборите. 

Постапката за софтверот е отворена по допрен глас, откако по падот на сајтот се откри дека тендерот за софтверот еднаш бил поништен за потоа преку постапка со преговарање без објавување на оглас, надградбата на софтверот да ја добие компанијата „Дуна“.

Досега софтверот за изборните резултати го одржуваше компанијата Ајвоут која два пати се жалела на изборот на Дуна.

ГАЗДИ ЗЕМАЛЕ СУБВЕНЦИИ, НО НЕ ИМ ГИ ИСПЛАЌАЛЕ ПЛАТИТЕ НА РАБОТНИЦИТЕ

Ги зеле парите од државата за субвенционирање на платите, но не им ја исплатиле платата на работниците - Управата за јавни приходи има сознанија дека некои работодавачи од повеќе градови во земјава практично ја злоупотребиле мерката која Владата ја носеше за помош на фирмите во криза. Станува збор за работодавачи од Скопје, Тетово, Гостивар, Струга. Согласно правилата тие добиваа помош за платите за да не ги отпуштаат вработените. 

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска апелираше газдите да ги исплатат платите.

„Сите работодавачи што не ја испочитувале оваа законска одредба да го направат тоа кон своите вработени, бидејќи целта беше да се зачуваат работните места, а не парите да ги земат работодавачите. Да го направат тоа пред да бидат јавно објавени, вели Лукаревска.

Појасни дека доколку не се постапи и по овој апел, веќе се во координација со Државниот инспекторат за труд за да се преземат мерки согласно закон, кој предвидува присилна наплата, глоби и враќање на средствата назад.

ШИЛЕГОВ ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД ИДЕЈАТА ЗА ПАРК КАЈ УНИВЕРЗАЛНА

Да, на градот му треба поголема и посовремена концертна сала, но не и уништување на симболот на градот. За сала со поголем капацитет потребна е друга поголема и попристапна локација, велат во својата реакција од здружението City Scope. Реакцијата следува по објавата на Град Скопје за Конкурс за идејно решение за летна парк сцена на местото на Универзална сала која треба да се руши.

„Во знак на 57 годишнината од земјотресот, градоначалникот на Скопје ќе ја руши Униврзална сала! Еден ден по одбележувањето на 57 години од земјотресот во 63-та, градоначаникот на Скопје, Петре Шилегов излегува со конкурс за „парк со летна сцена на местото на Универзална сала“. Вчера сите се навративме на страотните спомени, но и надежта за едно поубаво и похумано Скопје, па затоа апелираме до Град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов да го повлече објавениот конкурс за „парк со летна сцена на местото на Универзална сала, стои во реакцијата.

Велат дека Универзална сала е дел од симболите на градот, коишто потсетуваат дека Скопје е град на солидарноста. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Дел од корисниците на картичките „купувам домашно“ бараат начин доколку им требаат пари во кеш, да ги продадат картичките и да добијат соодветна сума.

„Макошпед“ доби нов акционер – домашно физичко лице кој плати над 94.000 евра за акција (што на пазар последен пат се тргувала пред повеќе од 2 месеци и која не памтиме од кога не дала дивиденда), но која е најголем акционер во „Фершпед“ и голем акционер во „Европа“.

Нецивилизациски, да рушиш објект од времето на гестовите на солидарност? Бесмислица! Ајде да протестираме! Да ја гушнеме! Градежна мафија - ова се само дел од многуте коментари на нашата објава дека Град Скопје објави Конкурс за идејно решение за летна сцена со парк на местото каде сега се наоѓа Универзалната сала во Скопје. 

Продолжува трендот на млади заразени со корона вирусот во Кавадарци. По вчерашните 10 регистрирани со Ковид-19, денеска има 4 новозаразени и повторно станува збор за многу млади луѓе, односно од 16 до 31 година. Информацијата за Фактор ја потврдија од Центарот за јавно здравје Кавадарци.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“