19 Мај, 2024
0.0304

Дел од корисниците ги нудат на продажба картичките „купувам домашно“ за да добијат кеш?

Објавено во: Економија, Корона Вирус 28 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Дел од корисниците на картичките „купувам домашно“ бараат начин доколку им требаат пари во кеш, да ги продадат картичките и да добијат соодветна сума.

За оваа цел најчесто се обраќаат кај трговците и во угостителските објекти, и прашуваат дали би добиле надомест за овие картички.

„Кога беа поделени картичките, се јавуваа граѓани и прашуваа. Им кажавме дека не може да им дадеме пари за тие картички, се знае дека тие се за купување на домашни производи и за помош на домашниот буџет. Претпоставувам дека истите луѓе не само кај нас, туку прашувале и на други места. Сега веќе таа појава е стопирана, а впрочем можат да купуваат многу производи и да користат услуги со таа картичка“, велат од фирма од внатрешноста која се занимава со трговија.

Од многу македонски компании тврдат дека не би се осудиле да направат такво нешто.

„Јас не би ја ризикувала својата работа за такво нешто. Кај нас во дуќан никој не побарал таква услуга, единствено мислам дека доколку се договорат две лица, можат да направат замена, едното лице да ја отстапи картичката на друго лице кое ќе му даде одреден износ на пари“, додава друга наша соговорничка.

Граѓаните коментираат дека на ваков чекор се решаваат обично семејствата каде имаат на користење повеќе од една картичка, при што се трудат едната да ја заменат за кеш, со што парите би ги потрошиле, без да бидат обврзани тоа да биде за домашни производи.

Од Министерството за финансии за тоа дали имало вакви злоупотреби упатуваат на Пазарниот инспекторат.

Од Пазарната инспекција велат дека досега немаат добиено преставки за таков тип на злоупотреби со картичките „купувам домашно“.

Според податоците обработени до 18 јули, од платежните картички во промет се потрошени 17,7 милиони евра за домашни македонски производи, а до сега имало 1,2 милиони трансакции.

Најчесто граѓаните пазареле во маркетите, односно 89 отсто, потоа 5 отсто во рестораните, 3 проценти за облека и обувки и 2,3 проценти во аптеките.  Корисниците на платежните картички потрошиле 12 милиони денари за мебел и 3 милиони денари за хотели и туризам. 

На списоците за добивање на картичка се најдоа над 324 илјади граѓани.

Министерката НИна Ангеловска објави вчера дека заклучно со 25 ти јули издадени над 300.000 домашни платежни картички. Досега се обработени сите приговори. Од 46.000 приговори - 9.200 се прифатени, од кои - 5.800 млади лица од 16 до 29 години, 700 невработени лица со низок доход и околу 2.700 вработени лица со низок доход.

Покрај главната цел на мерката - да се амротизира ударот врз економијата преку стимулирање на приватната потрошувачка, ја креиравме на оптимален начин да даде и други значајни ефекти на патот кон современо општество. Помош на граѓаните кои преку поголемата потрошувачка на македонски производи и услуги го помагаат стопанството и економијата, напиша Ангеловска.


Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници