19 Мај, 2024
0.0349

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бугарија ќе ни помогне со вакцини, во меѓувреме не дадоа одговор за македонскиот нон - пејпер

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 22 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

БУГАРИЈА ЌЕ ДОНИРА ВАКЦИНИ ЗА МАКЕДОНИЈА

Република Бугарија од секоја практка на вакцини против Ковид 19, кои директно ги купиле од производителите, дел ќе донира и на нашата земја. Ова утрово беше одлучено на владината седница во Софија каде свое обраќање имаше и министерот за здравство, Венко Филипче. Со оваа одлука во нашата земја вакцини против Ковид 19 ќе стигнуваат во исто време како и во останатите земји членки на Европската Унија. Министерот во Софија е на покана на премиерот Бојко Борисов и министерот за здравство, проф. Костадин Ангелов, информира Министерството за здравство.. 

-На денешната седница од страна на Владата на Република Бугарија се донесе одлука од секоја колична вакцини протви Ковид 19, која стугнува во Република Бугарија , една одредена количина да биде наменета за нашите граѓани и тоа да биде во форма на донација. Со ова ние практично стигнуваме до вакцините со истата временска динамика со која стугнуваат и земјите членки на Европската Унија. Бугарија како членка на ЕУ ја имаше таа привилегија да прави директни преговори со повеќе произведувачи. Благодарение на овој пријателски чин, со оваа донација за кратко ќе го почнеме процесот на вакцинација и ќе го олесниме пристапот до вакцините за да може да вакцинираме 60 до 70 % од населението, изјави министерот Филипче во вестите на ТВ Сител.

Според информациите од здравствените власти во Република Бугарија, најпрво во Софија ќе стигне вакцината на Фајзер, потоа на Модерна, па на Астра  Зенека.

ЗА 24 ЧАСА ИМА 758 ЗАРАЗЕНИ И 26 ПОЧИНАТИ 

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2562 тестирања, а регистрирани се 758 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-324, Куманово-43, Штип-22, Прилеп-46, Тетово-21, Струга-27, Велес-26, Битола-23, Охрид-28, Кавадарци-36, Гостивар-32, Гевгелија-17, Струмица-26, Крива Паланка-3, Радовиш-5, Кочани-19, Пробиштип-1, Пехчево-2, Берово-2, Валандово-8, Виница-2, Делчево-8, Кратово-4, Свети Николе-6, Кичево-14, Ресен-2, Неготино-11. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 944 оздравени пациенти од: Скопје-270, Куманово-51, Дебар-24, Штип-25, Прилеп-69,  Тетово-36,  Струга-43, Велес-51, Битола-53, Охрид-46, Кавадарци-53, Гостивар-44, Гевгелија-30, Струмица-20, Крива Паланка-6, Радовиш-12, Кочани-19, Пробиштип-7, Демир Хисар-1, Пехчево-2, Берово-8, Валандово-6, Кратово-3, Свети Николе-15, Кичево-19, Ресен-13 и Неготино-18.

Починати се 26 лица, седум пациенти од Скопје (42, 65, 74, 83, 69, 80 и 86г), двајца од Куманово (87 и 52г), еден од Дебар (80г), пет од Прилеп (65, 79, 65, 61 и 76г), еден од Струга (62г), двајца од Битола (77 и 69г), четири пациенти од Охрид (62, 70, 57 и 81г), еден од Свети Николе (65г), двајца од Кичево (64 и 77г) и еден пациент од Неготино (74г). Од нив двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

НЕМА ОДГОВОР ОД СОФИЈА ЗА МАКЕДОНСКИОТ НОН - ПЕЈПЕР

Софија молчи по нон-пејперот од Скопје. 

Македонија засега нема добиено одговор од Бугарија за нон пејперот кој ги содржи можните решенија за спорот. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вели дека бугарското вето нема да застане на патот на преговорите.  Тој ги демантира тврдењата на бугарската колешка Екатерина Захариева дека покрај Бугарија и други земји се против стартот на преговорите помеѓу Македонија и Унијата. Додава дека од сите земји членки добива недвосмислена поддршка за старт на преговорите, а во ова се уверил и за време на мини турнејата на земјите од пошиторкиот регион на Западен Балкан деновиве.

Захариева вели дека не сите земји членки инсистираат да ја видат Македонија во Европската Унија. 

БОНУС ПЛАТА ЗА ВРАБОТЕНИ ВО МВР

Денеска на 1624 вработени во МВР на сметките им легна бонус-плата од 22.928 денари.  Од министерството соопштуваат дека средствата се обезбедени од сопствени заштеди и домаќинско работење.

Станува збор за онус-плата која ја оствариле во 2017, но досега не им била исплатена.

Од МВР велат дека обезбедена ќе биде и бонус плата за вработени во министерството за оствaрени над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво во текот на 2020.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Ревизија на пазараната вредност на недвижниот имот која всушност е основа на данокот на имот да се пресметува да се прави на секои четири години, предвидуваат новите заонски измени на Законот за данок на имот кои веќе стасаа во собрание. 

Стојанче Ангелов, лидерот на „Достоинство“, за прв пат стана државен функционер со неговото именување за директор на Центарот за управување со кризи, па според тоа Државната комисија за спречување на корупција за прв пат го објави и неговиот Анкетен лист.

Голема трансакција се случила пред околу две недели во земјава. По долги преговори, нафтената компанија „Пуцко Петрол“ го купи земјиштето на поранешната фабрика „Алумина“, од околу 42 илјади метри квадратни.

По преименувањето во „Кристал 1923“ од „Благој Ѓорев“ годинава и тргна на велешката прехранбена индустрија која за две години ќе прослави 100 години работа и постоење.

Дел од граѓаните кои ги исполнуваат условите и се најдоа на списокот за финасиска помош од 6.000 денари веќе имаат пари на сметка и можат да ги трошат преку картичка но и да ги повлекуваат како готовина. 

„Доколку постои волја за намалувањето на сиромаштијата, механизми секако дека има, но во ова постмодерно општество повеќе се води сметка за интересите на поединецот, отколку на колективот. Секој го гледа личниот интерес, а малку мисли на хуманите потреби на другите“, рече Димитриевска.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“