Со донацијата на вакцини од Бугарија за кратко ќе го почнеме процесот на вакцинација, најави министерот Филипче
Објавено во: Македонија 22 Декември, 2020
-На денешната седница од страна на Владата на Република Бугарија се донесе одлука од секоја колична вакцини протви Ковид 19, која стугнува во Република Бугарија , една одредена количина да биде наменета за нашите граѓани и тоа да биде во форма на донација. Со ова ние практично стигнуваме до вакцините со истата временска динамика со која стугнуваат и земјите членки на Европската Унија. Бугарија како членка на ЕУ ја имаше таа привилегија да прави директни преговори со повеќе произведувачи. Благодарение на овој пријателски чин, со оваа донација за кратко ќе го почнеме процесот на вакцинација и ќе го олесниме пристапот до вакцините за да може да вакцинираме 60 до 70 % од населението, изјави министерот Филипче во вестите на ТВ Сител.
Според информациите од здравствените власти во Република Бугарија, најпрво во Софија ќе стигне вакцината на Фајзер, потоа на Модерна, па на Астра Зенека.
- Веќе разговаравме и за техничките детали во однос на испораката, верувам дека во исто време ќе добиеме дел од вакцините како и земјите од ЕУ, рече министерот.
Освен преку донација од Република Бугарија, нашата земка обезбеди вакцини и преку Ковакс механизмот. Европската Унијата за земјите членки обезбеди 400 милиони вакцини и 100 милиони дополнително за земјите кои не се во Унијата, а вакцините може да ги добиваат со посредување на земји членки. Досега таков вид на помош, на нашата земја и понудија Полска и Грција. Република Северна Македонија преговори и со произведувачите за директна набавка на вакцини и од нив.