14 Декември, 2025
0.0469

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јахоски со времен пасош отишол во Турција

Објавено во: Македонија 02 Јуни, 2025 21:42

Добивај вести на Viber

АСМИР ЈАХОСКИ СО ВРЕМЕН ПАСОШ ОТИШОЛ ВО ТУРЦИЈА

Газдата на Пуцко Петрол, Асмир Јахоски, кој до пред еден месец беше во притвор во затворот во Шутка, вчера се појави на фотографии фотографирани во Истанбул, Турција. Откако му беше укинат притворот, нему му беше одземен пасошот, а тој даде милиони како гаранција дека нема да бега. 

Фотографијата на која тој е сликан со славеникот, неговиот татко и чичко, беше објавена на социјалните мрежи. Така всушност и се прошири во јавноста. 

МАКЕДОНИЈА ГИ УКИНУВА ЦАРИНИТЕ ЗА САД

На последната седница на Владата се усвоени измени на Законот за царинска тарифа, а во тие рамки има и уникување на царините за увоз за сите производи кои доаѓаат од САД.

Ова денес го објави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, која рече дека по овој потег се очекува и реципрочно да возврати САД и да бидат укинати царините за македонските производи.

- Следува целосна либерализација на увозот на стоки од САД,  а со тоа во меѓународната трговија праќаме порака за забрзување на процесот на реципроцитет, рече Димитриеска Кочоска.

БУГАРСКИ И ГРЧКИ ЕВРОПРАТЕНИЦИ ПРОТИВ МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И ИДЕНТИТЕТ

Во нацрт-верзијата на извештајот на Европскиот парламент за напредокот на земјава првпат се споменува посебен македонски идентитет и посебен македонски јазик, а бугарски и грчки европратеници веќе поднесоа повеќе од 300 амандмани

За предлог-извештајот на известувачот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц, ќе се расправа в среда. За Извештајот ќе се гласа в среда, на 4 јуни.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Со законски измени ќе се намалува бројот на членови во синдикатите, односно ќе се намали условот за репрезентативност на синдикалните здруженија. Како што е посочено во предлог законот доставен во Собранието од сегашните 10 отсто од вкупниот број на вработени во земјава, на синдикалните здруженија во иднина ќе им бидат доволни само пет отсто од вкупниот број на вработни.

Малкумина се свесни колку големо влијание има храната што ја внесуваме врз нашето целокупно здравје, не само физичко, туку и ментално.

Откако мечките пак се раздвижија во западна Македонија и откако од Националниот парк „Шар Планина“ алармираа дека им требаат донации од пченка и јаболка, Диме Меловски од Македонското Еколошко Друштво(МЕД) вели дека ова е голема грешка.

Иако земјата е негасифицирана и не е изграден гасоводниот интерконектор со Грција, ЕСМ за минатата година платил повеќе од 3 милиони евра за годишен закуп на капацитет во новиот терминал во грчки Александрополис. 

Стигна нова потврда на објавите на Фактор за можно преземање на Стопанска банка Битола од страна на Алта Груп ДОО Београд. 

Можеби ќе ве интересира

СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати

СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати

„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“

„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“

УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра

УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра

Во Кочани одржан 33. Марш за ангелите

Во Кочани одржан 33. Марш за ангелите

Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“

Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“

НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“

НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“

„ОВК НЕ БЕШЕ КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, СЕ БОРЕШЕ ЗА ЕДНАКВОСТ НА АЛБАНЦИТЕ“: Протест за поддршка на осудените водачи на УЧК

„ОВК НЕ БЕШЕ КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, СЕ БОРЕШЕ ЗА ЕДНАКВОСТ НА АЛБАНЦИТЕ“: Протест за поддршка на осудените водачи на УЧК

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

ДЕТАЛИ ЗА ПАДНАТИОТ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО: Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“

ДЕТАЛИ ЗА ПАДНАТИОТ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО: Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“