ЗАМОР, НЕРВОЗА, АНКСИОЗНОСТ ПОРАДИ ПОГРЕШНА ИСХРАНА: Д-р Амина Шета говори како да се препознаат симптомите на дисбаланс
Објавено во: Македонија 02 Јуни, 2025 07:37
Малкумина се свесни колку големо влијание има храната што ја внесуваме врз нашето целокупно здравје, не само физичко, туку и ментално. Погрешната исхрана не само што доведува до дигестивен дисбаланс, туку често предизвикува анксиозност, промени во расположението и дури и губење на самодовербата. Телото реагира на недостигот од клучни хранливи материи, а последиците може да се манифестираат како постојан замор, нервоза, пад на концентрација и осетливост на стрес.
Најчесто ги игнорираме првите знаци како надуеност или пад на енергија, но токму тие можат да бидат сигнал дека нашите црева не се во баланс. Цревната флора има далекусежно влијание врз нашето здравје, не само врз варењето, туку и врз имунитетот, кожата, па дури и психичката состојба.
Од друга страна, правилната исхрана не само што го враќа балансот во дигестивниот систем, туку позитивно влијае на менталната јасност, расположението и стабилноста на енергијата во текот на денот. Таа е клучна алатка за превенција, но и поддршка во лекувањето на бројни состојби.
На ова укажа д-р Амина Шета, специјалист по интерна медицина и нутриционист, за време на првата регионална Balance конференција што неодамна се одржа во Сараево. Таа говореше за важноста на здравиот дигестивен систем и улогата на храната како прва линија на одбрана и лек.
Во своето излагање Шета, за улогата на здравата цревна флора, што еднакво влијае и на цревата но и на менталната добросостојба, расположението и целосна психофизичка стабилност, ја истакна важноста од внесување храна со пробиотици, како што е функционалниот јогурт Баланс+, но и друга храна богата со пробиотици, пребиотици и растителни влакна.
– Кога цревната флора е во дисбаланс, тоа може да се
препознае преку два вида симптоми, објаснува д-р Шета.
– Првите се дигестивни: надуеност, проблеми со варењето, појава на киселина, остипација или дијареја. Вторите се надвор од дигестивниот систем, ослабен
имунитет, проблеми со кожата, променливо расположение, анксиозност и хроничен
замор.
Она што ја издвојува д-р Шета од другите експерти е нејзиниот холистички пристап, таа не е само лекар, туку и нутриционист и доктор на медицински науки во областа на ендокринологија и метаболни нарушувања. Тоа е реткост во БиХ, но и предност која ѝ овозможува да ги согледа предизвиците од повеќе агли и да има севкупен пристап кон проблемите со кои се соочуваат пациентите.
Проблемите ги разгледува и како доктор, и како експерт за здрава исхрана. По 20 години искуство во медицината, цврсто стои зад ставот дека здравата исхрана може да спречи и да го олесни текот на многу состојби и заболувања.
Појадокот – мит или најважен оброк во денот?
На конференцијата се отвори и вечното прашање:Дали појадокот е навистина најважниот оброк?
– И мит и вистина, вели д-р Шета.
– Зависи од индивидуалниот ритам и потребите на секој поединец. За многумина,
појадокот е клучен, го активира метаболизмот, дава енергија и го намалува чувството
на глад. Но има и луѓе што
подобро функционираат без класичен појадок, особено ако следат режим како
интермитентен пост (intermittent
fasting).
Пораката што д-р Шета ја упати на конференцијата е јасна: слушајте го телото, внимавајте на сигналите и грижете се за својата цревна микрофлора, бидејќи здравјето навистина започнува одвнатре.
Анита Буховски
Можеби ќе ве интересира
СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати
„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“
УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра
Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“
НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“
„ОВК НЕ БЕШЕ КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, СЕ БОРЕШЕ ЗА ЕДНАКВОСТ НА АЛБАНЦИТЕ“: Протест за поддршка на осудените водачи на УЧК
ДЕТАЛИ ЗА ПАДНАТИОТ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО: Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“




