МЕЧКИ СЕ РАЗДВИЖИЈА БЛИЗУ ШАРПЛАНИНСКИТЕ СЕЛА: Меловски вели дека прихраната на диви животни е голема грешка
Објавено во: Македонија 02 Јуни, 2025 07:53
Откако мечките пак се раздвижија во западна Македонија и откако од Националниот парк „Шар Планина“ алармираа дека им требаат донации од пченка и јаболка, Диме Меловски од Македонското Еколошко Друштво(МЕД) вели дека ова е голема грешка.
Тој кажа дека веќе реагирал кај надлежните во Националниот парк „Шар Планина“ за ова. Меловски детално објасни зошто не треба да се врши прихрана на мечките на овој начин. Последниве две недели, мечките се спуштаа близу населените места во потрага по храна и тоа предизика страв кај луѓето.
„Сите заборавиле дека прихраната е лоша од неколку аспекти: мечките се навикнуваат на антропоген извор на храна. Во никој случај, било кое заштитено подрачје, нема да може оваа прихрана да ја прави бесконечно долго. Ќе им снемаат пари, мотивација, луѓе...и еден ден ќе ја напуштат праксата. Следниот ден веќе ќе имаат проблеми со навикнатите мечки по селата бидејќи Шара, а и ниедна друга планина во регионот, не е толку голема за да може доволно далеку од населените места да ги однесеш мечките со таа прихрана. Репродуктивен успех - со прихрана се зголемува можноста младите да доспеат до полова зрелост и со тоа да има уште повеќе мечки во иднина. Едноставно, повеќе калории, поголем репродуктивен успех. Полесни за отстрел - со хранилиштата мечките се полесна мета на криволовци, бидејќи знаат каде се собираат и можат да ги отстрелаат“, рече Меловски.
Тој посочува дека прихраната си носи последици и такви примери веќе имало во други земји.
„Има многу негативни примери со прихрана, а еден од најевидентните доаѓа од Романија, каде на еден магистрален пат низ планина, толку често мечките се хранат од aвтомобилите, што таму редовно се собираат, за луѓето се атракција и често се случуваат инциденти. Прихраната на било каков дивеч е лоша идеја! Не за џабе се вика дивеч“, додава Меловски.
Во земјава според проценките живеат околу 300 до 350 мечки и најголем дел од нив се во западниот дел. Кафеавата мечка е трајно заштитен дивеч.
Есента во 2023 година, жителите во дебарските села имаа поплаки дека мечките ги посетуваат нивните села, поради што се плашеа ноќе да излегуваат надвор. Мечките превртуваа контејнери во Галичник барајќи храна.
И странските медиуми пишуваат дека хранењето на мечките е поштетно отколку што луѓето мислат, затоа што на тој начин тие се навлекуваат да шетаат во урбаните места, да бараат храна, претставуваат ризик за жителите и уништуваат имоти.
Во светот имало непријатни ситуации баш поради прихранувањето. Во минатото, Одделот за заштита на животната средина на Њу Џерси ги повика жителите да избегнуваат хранење на црни мечки, затоа што иако намерата е добра, вештачките извори на храната ќе ги натераат мечките да доаѓаат во дворовите. Им советуваа на граѓаните во херметички затворени садови да го оставаат сметот, со цел тој да не биде мамец за мечките.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
АНГЕЛОВ ЗА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ НА ДУИ: Дали се работи за добро осмислено и подготвено сценарио за напад врз власта?
ЈАНЕВА ГО НАПУШТИ КПУ „ИДРИЗОВО“: Доби условен отпуст
ЕВЕ КАКВО ОРУЖЈЕ ЌЕ УНИШТУВА МВР ДЕНЕС: Запленето е пред 15 години, ќе биде транспортирано на Криволак со воени возила
Каде е Лазе Радески? Првиот осуден сериски убиец во Македонија - наводно на жртва му извадил срце и го изел
Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија
БЕЌАРОВСКИ МУ СЕ ОБРАТИ НА ЃОРЃИЕВСКИ: „Почитуван градоначалниче, еве една јавна депонија која треба да биде чиста како во аптека“
СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините
Скопјанката која стана една од највлијателните жени во технологијата во Холандија и САД: Интервју со Снежана Зивчевска-Сталперс
ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Македонија под влијание на силен Антициклон




