19 Мај, 2024
0.3640

ФАЈЗЕР ПРЕКУ СОФИЈА ЌЕ ДОЈДЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Во вторник Филипче и Лончар ќе разговараат за набавка на Спутник од „Торлак“

Објавено во: Македонија 16 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство Венко Филипче во неговото редовно информирање на јавноста околу состојбата со корона кризата во земјава, како и процесот на вакцинација, денеска изјави дека дефинотивно е потврдено пристигнувањето на 10.000 дози од вакцините на Фајзер в понеделник. Пратката ќе пристигне во Софија, а нашите здравствени власти, како што истакна министерот се подготвени за безбедно преземање.

-Вакцините од Фајзер ќе пристигнат на аеродромот во Софија, а попладне со специјален транспорт ќе бидат донесени во Скопје. До добивањето на вакцините на Фајзер во понеделник, на располагање имаме уште 10.000 вакцини од Астразенека, нешто помалку од 3.000 од Спутник и 1.000 кинески вакцини, соопшти Венко Филипче.

Истовремено, министерот најави дека во вторник ќе отпатува во Белград за да се сретне со колегата Златибор Лончар и со директорката на Институтот за вирусологија „Торлак“ со кои ќе разговара за соработката, за размена на експертиза, како и за стратешки план за набавка на вакцините Спутник V кои ќе се произведуваат таму.

– Во овој момент не ни се потребни вакцини, но не можеме да претпоставиме како ќе се одвива пандемијата. Ќе разговараме за тоа Институтот „Торлак“ да ни биде стратешки партнер во делот на набавка на вакцините со оглед на тоа како ќе се одвива пандемијата, посочи Филипче.

Инаку, во Македонија, заклучно со вчерашниот ден се вакцинирани 35.000 граѓани и вакцинацијата продолжува според старосните групи. На новинарско прашање, дали со вакцините Фајзер ќе бидат вакцинирани трудници, Филипче одговори дека имунизацијата ќе продолжи според планот, односно според возрасните групи.

А.Б.


Можеби ќе ве интересира

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид