12 Мај, 2024
0.0246

Европскиот парламент го одобри контроверзниот трговски договор ЦETA

Објавено во: Економија 15 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Европскиот парламент го одобри ЦETA - прилично спротивставениот трговски договор меѓу ЕУ и Канада. Пратениците го поддржаа договорот со 408 гласови "за", 254 "против" и 33 воздржани, станува јасно од официјалното соопштение на ЕП.

Одобрувањето од парламентот овозможува привремена примена на економската и трговската спогодба уште во следниот месец. Претстои ЦETA да биде ратификувана од националните парламенти на земјите-членки на Заедницата. Од ЕП очекуваат дека договорот ќе почне да дејствува најрано од 1 април оваа година.

Потсетуваме дека ЦETA нема да ги укине царините во областа на јавните, транспортните и аудиовизуелни услуги, како и во однос на трговијата со млечни производи, пилешко и јајца.

„Овој документ ни овозможува да извлечеме економски и геополитички интереси, да ги продлабочиме економските односи (со Канада.), да ја утврдиме нашата трговија и нашите вредности, да го зајакнеме заедничкото партнерство“, рече пред гласањето комесарот за трговијата Сесилија Малмстром. 

Договорот меѓу ЕУ и Канада за слободна трговија беше потпишан на 30 октомври во Брисел. Истиот го предвидува намалувањето на 99% од царините меѓу двете земји. Околу договорот има доста проблеми. Неговите критичари велат дека тој не ги штити правата на европскиот корисник и ќе им наштети на мали и средни бизниси. 

Според европските лидери пак аранжманот е победа на светскиот трговска систем кој е под закана од новиот американски претседател Доналд Трамп, кој повеќе пати се изразил против аналогно на ЦETA договор меѓу САД и ЕУ - ТПТИ. 

Парламентарните групи во ЕП водеа жестоки спорови по темата. Групите на националистите и евроскептиците, предводени од Французите на Марин ле Пен и на Британците на Најџел Фарадж, изјавија дека ЦETA е погубна за Европејците.

Крајната левица исто категорично го отфрли договорот, бидејќи бил во услуга на мултинационалните корпорации. 

Против се изјаснија и проевропски настроените „Зелени“. 

Договорот има значителна опозиција меѓу мноштво групи, според кои ова е само тест модел на договорот за слободна трговија со САД - ТПТИ, за кој се уште се водат преговори. Активисти сметаат дека двата договори и се закануваат животната средина на земјите од ЕУ, како и потрошувачките стандарди, овозможувајќи им на корпорации да пропуштаат одредени прописи.

Можеби ќе ве интересира

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска