19 Мај, 2024
0.0351

Европски волонтерски сервис – можност за стекнување на интернационални работни искуства

Објавено во: Мои пари 03 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Можноста за стекнување на волонтерски искуства во земјите од Европската унија е главната тема на годинешниот настан на Европскиот волонтерски сервис, што се одржува во Скопје. Европскиот волонтерски сервис е дел од Еразмус плус програмата што ја организира Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Во рамките на Европскиот волонтерски сервис сите заинтересирани лица или организации ќе можат да се информираат за моделот како да се вклучат во програми преку кои ќе се стекнат со работно искуство во различни области во компании и институции во земјите на ЕУ.

Оваа програма е наменета за сите млади лица кои имаат интерес, организации и компании кои имаат веќе вклучено волонтери во своите деловни активности, медиуми и други засегнати лица.

„Можноста преку волонтерска работа да се стекне интернационално искуство е огромна шанса и за младите, но и за организациите и компаниите кои на овој начин можат да се запознаат со најновите трендови и искуства во областите во кои делуваат и истите да ги пренесат во своето работење во Македонија. Наша главна цел е што повеќе целни групи да се информираат за потенцијалот, бидејќи бенефитите се рефлектираат и на национално и на лично ниво, во смисла на поголем професионален развој“, истакна Дарко Димитров, директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

На средбата на Европскиот волонтерски сервис ќе бидат презентирани и успешни волонтерски проекти со цел да се споделат позитивните искуства.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во чии рамки се одвиваат активностите на „Еразмус плус“ програмата, годинава обезбеди 4,7 милиони евра за аплицирање на едукативни програми во земјите од ЕУ. Конкурсот за пријавување е во тек. Покрај Европскиот волонтерски сервис во рамките на „Еразмус плус“ програмата се одржаа и инфо денови во повеќе градови во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО