21 Мај, 2024
0.0292

Европската комисија го поздрави разрешувањето на Јово Вангеловски

Објавено во: Македонија 02 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Европската комисија во својот извештај за исполнувањето на условите за преговори, кој е основата врз која земјите членки на ЕУ треба да одлучат овој месец дали ќе дадат зелено светло за нивно започнување за Македонија, го поздравува разрешувањето на Јово Вангеловски како претседател на Врховниот суд.

Во истиот се вели дека Македонија остварила значаен напредок во сите области и му препорачува на Советот да донесе позитивна одлука, а меѓу успесите од изминатиот период се набројани уште разрешувањето на шестмина судии на функција, префрлањето на предметите на СЈО во редовното Јавно обвинителство, каде се гарантира континуитет на истрагите и усвојувањето на законот за Јавно обвинителство со двотретинско мнозинство по „интензивни дебати меѓу политичките партии“.

Судскиот совет го разреши претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски по две години неуспешни обиди да се најде мнозинство за негово разрешување. Разрешен беше со 8 гласа „за“ за несовесно вршење на функцијата. Предлогот за разрешување на врховните судии беше поради незаконската постапка околу овозможувањето на Сеад Кочан да се брани од слобода. 

Извештајот треба да се објави најрано денес, а најдоцна до крајот на оваа недела. МИА доби пристап до овој кус документ во кој Европската Комисија го разгледува напредокот во клучните реформски области што ги бараат земјите членки.

Европската комисија порачува дека оценката од 2019 не е променета и дека Северна Македонија треба да започне преговори со ЕУ. Извештајот е фокусиран на судските реформи, судењата за висока корупција, вклучително и случајот со СЈО, безбедносните реформи и реформите во јавната администрација.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази