20 Мај, 2024
0.0248

ЕВН Македонија ја продолжува поддршката на проектот за грижа на стари лица

Објавено во: Мои пари 15 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Црвениот Крст на Република Македонија ги презентираше резултатите од досегашната реализација на проектот „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“- Грижа за стари лица на Црвен крст на град Скопје. ЕВН Македонија веќе трета година е донатор на овој проект со кој се овозможи непречена работа на тимови од 4 медицински лица и 20 волонтери кои пружаат континуирана поддршка на повеќе од 300 стари лица низ цела Македонија. Поддршката се состои во помош во домашни услови и активности во дневните центри на Црвениот Крст во Скопје, Велес, Крива Паланка, Кичево, Дебар и Струга.

Претседателот на Управнот одбор на ЕВН Македонија г-дин Штефан Петер, упати честитки за огромниот досегашен успех на Црвениот Крст и најави дека ЕВН ќе ја продолжи подршката на проектот за грижа на старите лица.

„Старите лица се оние кои се одговорни за изградба на општеството во кое живееме денес и за тоа ќе им бидеме вечно должни и благодарни. Во време на економска и финансиска криза, во никој случај не треба да бидат заборавени и да се намалуваат средствата за нивна поддршка. ЕВН Македонија, како компанија која е дел од животите на 800.000 корисници од сите генерации, ја препознава потребата за овозможување на помош на оваа категорија на граѓани“ – изјавни г-дин Штефан Петер, Претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.

evn so starci 1

Проектот „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“ е финансиран од ЕВН Македонија, Австрискиот Црвен крст и Град Скопје и преку истиот на годишно ниво се реализираат повеќе од 5000 посети на медицински лица, 3000 посети на волонтери на стари лица во домашни услови, преку 1000 неопходни медицински прегледи, понатаму административна, правна и социјална поддршка, а во континуитет во дневните центри се реализираат активности за овозможување на т.н. активно стареење.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО