21 Мај, 2024
0.0308

Еве како Македонија ќе го одбележи Денот на народното востание – 11 октомври

Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

По повод празникот Ден на народното востание – 11 октомври, ќе бидат организирани повеќе свечености и програмски активности по повод 76 годишнината од овој значаен настан од историјата на Република Македонија.

Централниот настан, во организација на Владата на Република Македонија, во соработка со Сојузот на борците на Република Македонија, ќе се одржи во дворот на владата, пред споменикот на ослободителите на град Скопје, на 11 октомври, во среда, во 10:45 часот.

Венци со свежо цвеќе пред споменикот ќе положат делегации на Сојузот на борците на Република Македонија предводена од др. Никола Стојановски, на Владата на РМ, предводена од Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, делегација на АРМ предводена од заменик началник на Генералштаб, генерал-мајор, Мухамет Рацај, и други делегации на државните институции и дипломатскиот кор. 

После свеченото положување на свежо цвеќе, предвидени се кратки обраќања на предводниците на делегациите на Сојузот на борци, Владата и АРМ Генералштабот на Република Македонија, и краток коктел. На настанот ќе има и изведба од воениот оркестар на АРМ.

Во текот на денот, владина делегација ќе присуствува и на свеченото доделување државната награда ,,11 Октомври“ за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија, кое ќе се одржи во Собранието на Република Македонија.

Соодветна програма и активности по повод празникот 11 октомври е предвидено да се одржат и во Прилеп и Куманово, во организација на Владата на Република Македонија, Oпштина Прилеп и Oпштина Куманово.

Со почеток во 9:30 часот, владина делегација предводена од министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, ќе положи венци свежо цвеќе пред спомениците на Методија Андонов Ченто и Кузман Јосифовски Питу, како и на спомен обележјето Могила на непобедените.

Свежо цвеќе на овие спомен обележја во Прилеп ќе положи и делегација на АРМ и на министерството за одбрана предводена од Заменичка претседателка на Владата на РМ  и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска.

Покрај свеченото положување свежо цвеќе, Општина Прилеп организира изложба на рачни изработки „Килимијада“ на плоштадот на Градскиот саат и „Tuning Car Show“на булевар Гоце Делчев.

Во Куманово,во 11:30 часот, со положување свежо цвеќе во Спомен костурницата во овој град, празникот Ден на народното востание – 11 октомври, ќе го одбележи владина делегација предводена од Заменик претседателот на Владата на РМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Покрај положувањето свежо цвеќе, во организација на Општина Куманово предвидено е кратко обраќање на градоначалникот на Општина Куманово, г. Зоран Дамјановски, изведба на химната на Република Македонија од страна на градска музика „Илинден“, Куманово, и кратка пригодна музичка програма во изведба на учениците од СОУ-Гимназија “Гоце Делчев”-Куманово.

Во утринските часови пред свеченото положување свежо цвеќе, Општина Куманово организира низа спортски активности, и тоа атлетски митинг, турнир во тенис, пинг-понг и одбојка.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази