19 Мај, 2024
0.1418

ЕВЕ КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДААТ СРПСКИТЕ ЛОКАЛИ КОГА ЌЕ ПРОРАБОТАТ - паравани, маски, а вработените не смеат да користат мобилни

Објавено во: Балкан 27 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Српското Здружение на угостители објави упатство со низа безбедносни мерки за да им помогне на сопствениците на кафулиња и ресторани да отворат кога тоа ќе биде дозволено.

Водичот утврдува збир на упатства што треба да ги преземат за да се вратиме во нормала по здравствената криза со вирусот корона. Документот го дели процесот во три фази: повторно отворање, почнување со работа и само отворање за гости.

Прво, дезинфекција пред отворањето.

Пред да се вратите на редовните активности, потребно е темелно чистење и дезинфекција на просториите. Покрај тоа, се предлага да се измени гастрономската понуда и дневниот распоред за сервисирање.

Препорачливо е постепено да се прилагодувате на новите работни околности во однос на расположливиот персонал, инвентарот и залихите.

Исто така, локалот треба да има редовни снабдувачи на заштитни маски, ракавици, средства за дезинфекција и паравани за масите, кои веројатно ќе бидат поставени заради за заштита.

Второ, информативни натписи.

Во оваа фаза, се смета за многу важно да се постават информативни натписи што ќе ги потсетуваат вработените правилно да користат заштитна опрема, да промовираат плаќања со кредитни картички, постојано да ги мијат рацете или да користат ракавици и гелови за рацете. 

Персоналот ќе мора да носи работна облека и чевли, униформата мора да биде чиста, постојано да ги мијат рацете и да користат маски. Забрането е да излегуваат на пауза за цигара во работната облека, а не е дозволено ниту користење на мобилни телефони за време на работата, заради можно пренесување на заразата. 

Трето, дезинфекција на лименките.

Исто така, по приемот на нарачката и пред да им служите на гостите, треба да се дезинфицираат лименките и шишиња со пијалоци.

Влезот во местото каде што се подготвува храната треба да биде забранет за невработените. Доколку дојде инспекција, тие ќе треба да носат заштитна опрема и да имаат превентивно мерење на температурата пред да влезат.

Во кујната, просторот треба да биде организиран така што да не се надмине безбедното растојание од еден и пол метри.

Во земјава правилниците се договараат со угостителите, а правилата на игра досега не се јавно обелоденети.

Фото: Тањуг

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс