19 Мај, 2024
0.0350

ЕУ планира да го централизира системот за азил

Објавено во: Балкан 07 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Брисел ќе предложи централизирање на системот за азил во Европската унија (ЕУ), како дел од радикалната промена на политиката за бегалците во одговор на невиденa имиграцискa криза, пишува „Financial Times“, повикувајќи се на документ на Европската комисија (ЕК), со кој располага.

ЕК истражуваат како може да се променат правилата на блокот за азил, откако системот практично го блокираше минатата година поради поднесените над 1,3 милиони молби.

Во моментов сегашниот систем предвидува барателите на азил да поднесуваат барање во првата земја од блокот во која влезат. Тоа сепак енормно ќе го зголеми притисокот врз Грција и Италија.

Падот за Договорот од Даблин сепак дојде во моментот кога канцеларката на Германија Ангела Меркел одлучи да не го почитува договорот, што предизвика бран бегалци кон нејзината земја.

ЕК предвидува да предложи формирање на посебно биро, кое ќе ја преземе одговорноста за сите прашања за азил. Специјалната институција ќе дава совети на националните влади и практично ќе функционира како федерална агенција која ќе ги процесуира сите барања за азил. Сепак, тоа би значело признавање на уште суверенитет на Брисел и промена на Договорот за ЕУ, наведува весникот.

Велика Британија сепак може и да не се приклучи на новиот систем, бидејќи за неа дејствува исклучок на правните и внатрешните прашања, уште повеќе, дека Лондон се бори за друг исклучок од правилата за да се и овозможи на Владата да префрли 12 илјади лица кон другите држави од ЕУ.

ЕК ќе предложи и две варијанти за распределба на бегалците. Првата предвидува бегалците да се делат меѓу државите од ЕУ на принцип на квоти, без разлика каде пристигнале прво, а втората - да се задржи статус кво и да се продолжи со распределба на квоти на луѓе од земјите кои се најтешко погодени од бегалскиот бран.

Во меѓувреме НАТО, Турција и Грција успеаја да се договорат за операцијата на Алијансата во Егејското Море, јави Ројтерс.

НАТО одлучи да ја започне мисијата за набљудување и задржување на мигранти во Егејското Море на 11 февруари, кога се одржа седницата на министрите за одбрана на земјите од ЕУ, потсетува новинската агенција.

Договорот не само што ќе му овозможи на НАТО да оперира во меѓународни води, но и во грчки и турски територијални води. Тоа е клучно за да може бродовите да ги набљудуваат најкористените патишта од имигрантите.

Не е јасно, меѓутоа колку оваа операција би влијаела за намалувањето на имигрантскиот поток кон Европа, бидејќи бродовите на Алијансата ќе пренесуваат податоци за чамци на бегалците до крајбрежната стража на Турција и Грција. Бродовите на НАТО нема да можат да ги задржат чамците, а само да спасуваат бегалци, кои се во опасност поради инциденти во морето. Спасените бродовите од Алијансата ќе бидат вратени назад во Турција.

НАТО и граничната агенција на ЕУ Фронтекс се договориле и за размена на податоци, како и на офицери.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс