20 Мај, 2024
1.0462

„Еразмус Плус“ караванот во посета на Штип

Објавено во: Мои пари 04 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Наставници и професори, општинската администрација и активисти во граѓанскиот сектор земаа учество на инфо-денот одржан во Штип како дел од циклусот на промотивни активности за програмата „Еразмус плус“ кој го организираше Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во Македонија во соработка со локалната самоуправа.

Програма, „Еразмус плус“ им нуди на заинтересираните да партиципираат во друга програмска држава за учење, работа, предавања воедно да обучуваат или развиваат професионални вештини и компетенции, но и да развиваат билатерални и мултилатерални партнерства, зависно од секторот. Програмата претставува комбинација од 7 европски образовни програми, програми за обука и млади, и за прв пат во својата структура го додава спортот. Посетителите беа информирани за фазите на одлучување, односно за процедурата за селекција на апликации кои се одвиваат во 4 нивоа:

- Техничка проверка (Проверката се врши од страна на лица вработени во агенцијата, од технички аспект: дали се поднесени сите потребни документи, дали е запазен рокот за аплицирање, дали се пополнети соодветните апликациони формулари итн.)

- Квалитативна евалуација (Оценување на апликациите кое се врши од страна на надворешни експерти – доделување бодови на апликациите според квалитетот на содржината)

- Евалуационен Комитет (Комитет формиран од стручни лица кои доаѓаат од соодветни образовни институции на Р.Македонија, при што се утврдува запазеноста на сите пропишани процедури и правила при селекција на апликациите)

- Одлука од Директор на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

stip 1

Следниот инфо-ден Агенцијата планира да спроведе во Кичево, а со цел зголемување на вклученоста на бизнис заедницата предвидени се и информативни работилници во соработка со стопанските комори во Република Македонија кои ќе се одржат во Скопје и Битола. Покрај наведените настани Националната агенција планира и реализација на повеќе настани кои ќе се концентрираат на подигнување на свесноста во овој образовен сегмент. Целосната програма можете да ја најдете на Фејсбук страната на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Програма, „Еразмус плус“ им нуди на заинтересираните да партиципираат во друга програмска држава за учење, работа, предавања воедно да обучуваат или развиваат професионални вештини и компетенции, но и да развиваат билатерални и мултилатерални партнерства, зависно од секторот. Програмата претставува комбинација од 7 европски образовни програми, програми за обука и млади, и за прв пат во својата структура го додава спортот. Целта на „Еразмус Плус 2014-2020“ програмата е зајакнување на вештините и можностите за вработување, модернизација на образованието, обуката и младинската работа, како и обезбедување на можности за над 4 милиони Европејци да учат, да стекнат работно искуство и да волонтираат во странство.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО