26 Април, 2024
0.0292

ЕМА денеска ќе се изјасни за вакцината на Џонсон и Џонсон: Во САД по примање на Јансен почина млада жена, таму вакцината е суспендирана

Објавено во: Свет 20 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска попладне ќе го каже своето мислење за вакцината на Џонсон и Џонсон чија употреба е суспендирана во САД и Европа поради ретка појава на згрутчување на крвта.

ЕМА со седиште во Амстердам во петокот објави дека ќе одржи „виртуелна прес-конференција за заклучоците од проценката на безбедноста“ на вакцината на 20 април во 16 часот по средноевропско време.

Оваа одлука е важна затоа што неколку европски земји, вклучително и Франција, сметаат на вакцината за да ја забрзаат кампањата за вакцинација.

Неизвесноста се појави откако американските здравствени власти препорачаа „пауза“ во употребата на вакцината Јансен од производителот Џонсон и Џонсон пред една недела за да се испита појавата на сериозни случаи на згрутчување на крвта кај неколку лица во Соединетите држави.

Едно лице почина во САД неколку дена по аплицирање на вакцината, додека шест лица во САД развиле ретко нарушување, кое вклучува згрутчување на крвта. Сите шест вакцинирани со несакани ефекти биле жени на возраст од 18 до 48 години, а симптомите се појавиле шест до 13 дена по вакцинирањето.


Можеби ќе ве интересира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9