21 Мај, 2024
0.0318

Елем бара нови лежишта на јаглен; Каква е енергетската иднина на Македонија?

Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Зголемување, проширување и надградба на капацитети за производство на електрична енергија, но и оптимизацијата на производството се стратешките определби на менаџментот на АД ЕЛЕМ, вели Дејан Бошковски, генерален директор на АД „Електрани на Македонија“ во интервју за МИА.

„Наша цел е преку оптимизација да постигнеме минимално ниво на трошоци, но преку призмата на максимизација на продуктивноста и искористеноста на ресурсите. Само така ќе останеме на трасата на самоодржливост која е врвна цел. Ние  ќе продолжиме да градиме капацитети  и да ги зајакнуваме перформансите на оние  објекти што веќе ги имаме на располагање.  Тоа на долг рок ќе ја направи Република Македонија енергетски независна земја“, најавува Бошковски.

Бошковски се надева дека за 10 години енергетската слика на Република Македонија ќе биде значително подобрена со нови извори на електрична енергија, а потсетува и дека последниве години се преземени огромни инвестиции во енергетски проекти, чии резултатите може  да се очекуваат за четири до шест години.

АД ЕЛЕМ, нагласува тој, гледајќи во подалечна перспектива, продолжува и со активностите за активирање нови лежишта на јаглен со цел продолжување на животниот век на термоелектраните Битола и Осломеј.

„Во моментов, во рудникот Суводол засилено течат активности за целосно отворање за експлоатација на подинската јагленова серија. Се работи на ископ на усекот за отворање на рудникот и изградба на бунари за одводнување, проект во кој инвестиравме 2,5 милиони евра... За  проектот за истражување на јагленовото  наоѓалиште Живојно, АД ЕЛЕМ инвестира 2,8 милиони евра за геолошки и геотехнички доистражувања и испитувања. Станува збор за рудник од кој јагленот ќе се вади со примена на подземна технологија за експлоатација. Почетните проценки се дека геолошките резерви се околу 100 милиони тони јаглен. Сегашните проценки се дека во овој рудник, АД ЕЛЕМ ќе инвестира околу 100 милиони евра, а реализацијата би започнала по изработката на Главниот рударски проект“, вели Бошковски.

Тој истакна дека е во тек и изработката на Главен рударски проект за отворање рудник за јаглен со подземна експлоатација во Мариово.

„Во текот на 2010 и на 2011 година се завршени деталните геолошки истражувања и започнавме со изработка на проект за отворање рудник и експлоатација. Експлоатациските резерви се проценети на 62 милиони тони. Изработката на главниот  проект е во завршна фаза, а како идна активност ќе следи и изготвување на физибилити студија за изградба на нова термоелектрана од 250-300 мегавати. Заедничката вредност на целиот зафат  иницијално е проценета на околу 400 до 450 милиони евра“, изјавува Бошковски за МИА.

Можеби ќе ве интересира

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

МАРИНАКИС: Нема ратификација на Меморандумите од Преспа во сегашната ситуација

МАРИНАКИС: Нема ратификација на Меморандумите од Преспа во сегашната ситуација

КАТИМЕРИНИ: Атина ќе почека владата на Северна Македонија да положи заклетва пред да одлучи за дејствијата што ќе ги преземе

КАТИМЕРИНИ: Атина ќе почека владата на Северна Македонија да положи заклетва пред да одлучи за дејствијата што ќе ги преземе

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка

НА РАБОТА ДУР СИ ЖИВ: во оваа земја пензионерите едвај си ги покриваат трошоците, па работат напорна работа и на „стари денови“

НА РАБОТА ДУР СИ ЖИВ: во оваа земја пензионерите едвај си ги покриваат трошоците, па работат напорна работа и на „стари денови“

ПРЕТРЕС И КАЈ ПОРАНЕШНИОТ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ МЕМЕТИ: Осомничен е за поткуп

ПРЕТРЕС И КАЈ ПОРАНЕШНИОТ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ МЕМЕТИ: Осомничен е за поткуп

Тошковски: Од денеска демонтирање на дивиот забавен парк кај Борис Трајковски

Тошковски: Од денеска демонтирање на дивиот забавен парк кај Борис Трајковски

ОДЗЕМЕН ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА ГЕОРГИЕВ - одреден му е притвор по апсењето со примените 10 илјади евра

ОДЗЕМЕН ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА ГЕОРГИЕВ - одреден му е притвор по апсењето со примените 10 илјади евра