26 Април, 2024
0.0274

ЕКСТРЕМИЗМОТ Е УШТЕ ЖИВ - што напишал убиецот во прошталното писмо

Објавено во: Свет 20 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Екстремни десничарски ставови имало во прошталнпото писмо, што го оставил зад себе осомничениот за пукањето во два наргиле барови во Германија, во кое загинаа девет лица, а кој подоцна изврши самоубиство.

Германскиот весник „Билд“ објави дека мажот што го идентификува како Тобијас Р., е германски државјанин, а оставил видео порака во која презема одговорност за нападот.

Тој беше пронајден мртов во неговиот стан во Ханау по нападот, соопшти полицијата.

Билд пишува дека во неговиот автомобил биле пронајдени муниција и оружјје, како и списанија, а тој имал лиценца за ловечко оружје.

Масакрот се случи доцна синоќа, а како што пренесоа локалните медиуми, вооруженото лице отвориле оган врз два наргеле бара во Ханау. Според весникот Билд, тоа најпрвин почнало да пука врз баровите, а потоа и врз минувачите во нивна близина.

Како што веќе објави Фактор, локалните медиуми наведоа дека злосторството се случило во два ноќни клубови, при што некои пукале на централниот плоштад во делот на градот познат како Кеселштат. Регионалниот портал „Форсрунг онлајн“ пренесува дека едно лице пукало кон минувачите од автомобил.

Наводно, прво бил нападнат наргиле барот Миднајт во центарот на градот Ханау, каде што биле убиени три лица таму. Сторителот потоа се возел во Кеселштат и влегол во друг бар, Арена Бар и Кафе, каде убил пет лица.

Сведоците на двете локации велат дека слушнале десетици истрели од огнено оружје.

Ханау е град со околу 100.000 жители, на 25 километри од Франкфурт.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек