19 Мај, 2024
0.0303

ЕК: Земјите од Балканот треба да работат на сместување на бегалците!

Објавено во: Балкан 11 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Европската комисија вчера ги повика земјите долж балканската рута на мигрантите и бегалците кои одат кон Европа, да направат повеќе во пружање на сместување на луѓето кои бегаат од судири или сиромаштија и „итно да го забрзаат обезбедувањето на приемните капацитети“.

ЕК во вчерашниот објавен извештај, наведува дека е моментално расположиво или се припрема само околу половина од 50 000 места колку лидерите на балканските земји ветиле минатата година дека ќе обезбедат за сместување на луѓето на мигрантската маршута, пренесе АП.

Во извештајот се оценува дека балканските земји “сега мора итно да го забрзаат обезбедувањето на приемните капацитети“.

Во тој документ се забележува и дека одговорот на Грција на бегалската криза и понатаму е премногу бавен, и дека таа земја не праќа назад доволен број на мигранти кои не можат да се квалификуваат за добивање на азил.

ЕК наведува дека распоредувањето на специјалистички тимови, познати под името „хотспот“, за регистрирање на мигранти и земање отисок на прсти, делумно недостигаат кога се работи за персонал во инфраструктурата, пренесува американската агенција.

„Во моментот само еден хотспот е целосно оперативен“, се оценува во извештајот.

Во истиот документ се наведува дека речиси 20 000 мигранти се депортирани од почетокот на минатата година, но дека тоа е „и понатаму недоволно со оглед на тоа дека повеќе од 800 000 пристигнале во 2015 година“.

Комесарот на ЕУ за миграција Димитрис Аврамополус изјавил и дека упатил писма до државите членки со “јасна и силна поракa“ да ја забрзаат релокацијата на бегалците од пренатрупаните Грција и Италија.

Тој на конференцијата за новинари рекол дека им испратил писма на министерствата за внатрешни работи на сите 28 земји членки на ЕУ, откако само 497 бегалци се релоцирани во други држави членки, од вкупно 160 000 колку што се договорени минатиот септември.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс