ЕК го прави првиот чекор кон создавање на буџетот за еврозоната
Објавено во: Финансии 01 Јуни, 2018
Европската комисија објави дека ќе создаде два нови финансиски инструменти, како дел од следниот долгорочен буџет на ЕУ (2021-2027). Тоа е Програма за поддршка на реформите и функција за европска инвестициона стабилизација.
"Ова е ембрион на буџетот за Еврозоната, семето е посеано", изјавил еврокомесарот за економски и финансиски прашања, даноците и царините Пјер Московичи на брифинг во Брисел.
Создавањето независен буџет за еврозоната е идеја на францускиот претседател Емануел Макрон.
Комисијата објаснува дека двата нови инструменти се дел од поголем план за зајакнување на односите во Европската економска и монетарна унија. Следниот повеќегодишен буџет на ЕУ за периодот 2020-2027 година ќе помогне за зајакнување на ефикасноста и одржливоста на европските економии, кои зависат една од друга, сметаат од ЕК.
"Економската и монетарната унија е првенствено за подобрување на животот на сите Европејци. Овој предлог значи овој Сојуз да стане заштитна и обединувачка сила, како што беше замислено да биде", коментира претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер.
Пјер Московичи, комесарот за економски и финансиски прашања, даноци и царини, коментирла дека тој предлог обезбедува нови алатки за зајакнување на кохезивната политика во еврозоната и за подготовка на нејзино проширување.
Предлогот вклучува создавање на три одделни и комплементарни инструменти. Алатката за имплементација на реформи која ќе обезбеди финансиска поддршка за клучните реформи. Таа ќе обезбеди 22 милијарди евра за сите земји-членки на ЕУ. Алатка за техничка поддршка која ќе им помогне на земјите на ЕУ да планираат и спроведат реформи и да го подобрат својот административен капацитет. И оваа алатка ќе биде достапна за сите земји-членки и нејзиниот буџет е 840 милиони евра. Кохезиониот механизам од 2,16 милијарди евра ќе обезбеди финансиска и техничка поддршка за земјите-членки кои направија јасни чекори кон приклучување кон еврозоната.