26 Април, 2024
0.0296

ЕДНА ЖЕНА ПОЧИНА, ДРУГА ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА ПО ВАКЦИНАЦИЈА СО ЈАНСЕН: САД ја стопираат употребата на вакцината од Џонсон и Џонсон

Објавено во: Свет 13 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Американските здравствени агенции,  ФДА и ЦДЦ денеска повикаа на итна пауза на употребата на еднодозната вакцина против корона вирусот Јансен на компанијата Џонскон и Џонсон, откако шестмина кои ја примиле во Соединетите држави развиле ретко нарушување проследено со згрутчување на крвта и тоа во рок од околу две недели по вакцинацијата, пишува денеска The New York Times.

Сите шест биле жени на возраст од 18 до 48 години. Една жена почина, а втората жена во Небраска е хоспитализирана во критична состојба.

-Препорачуваме пауза во употребата на оваа вакцина поради  претпазливост, порачаа д-р Питер Маркс, директор на ФДА и д-р Ана Шучет, заменик директор на ЦДЦ,

-Во моментов, овие неповолни настани се чини дека се исклучително ретки, велат тие во заедничката изјава.

Научниците со ФДА и ЦДЦ заеднички ќе ги испитаат можните врски помеѓу вакцината и овие случаи и ќе утврдат дали треба да продолжат да ја одобруваат употребата на вакцината за сите возрасни лица или да ја ограничат возраста.

Овој потег може значително да ги комплицира напорите за вакцинација во време кога многу држави се соочуваат со наплив на нови случаи и бараат решавање во однос на двоумењето за безбедноста на вакцините. Регулаторите во Европа и на други места се загрижени за вакцината развиена од истражувачите на Универзитетот „АстраЗенека“ и Оксфорд.

Научниците од Федералните здравствени агенции во САД истакнуваат дека „третманот на овој специфичен тип на тромб е различен од третманот што обично може да се дава при згрутчување на крвта.

-Обично, антикоагулантен лек наречен хепарин се користи за лекување на згрутчување на крвта. Во овој случај, давањето на хепарин може да биде опасно и треба да се направат алтернативни третмани, се вели во соопштението.

Во соопштението на компанијата Џонсон и Џонсон наведуваат:

-Ние сме свесни дека тромбоемболиски настани, вклучително и оние со тромбоцитопенија, се пријавени со вакцините против Ковид-19. Во моментов, не е воспоставена јасна каузална врска помеѓу овие ретки настани и вакцината Јансен.


Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек