19 Мај, 2024
0.0275

Џиновите од малата Виница лани направија приход од 124 милиони евра

Објавено во: Економија 22 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Општина со 12.000 жители во источна Македонија има фирма за транспорт и трговија со деривати која оствари приход од 79 милиони евра, компанија за производство на ќерамиди која прави приход од 10 милиони евра и прехранбено-кондиторска индустрија што оствари приход од 30 милиони евра. Мала општина – големо економско чудо

Не не станува збор за некое мало место во Швајцарија. Станува збор за македонско градче на истокот располано под падините на Плачковица, познато по родните полиња, историската „виничка афера“ и античките теракоти. Виница е мало градче, но економски џин! Од аспект на приходите на неколку винички компании кои „жарат и палат“ и се солидно етаблирани во нашата национална економија. На „питомата“ Виница можат да и позавидат и многу поголеми градови.

Виница има повеќе компании, но четири фирми се доминантни во општинската економија. Тие компании лани заедно направиле кумулативен приход од 125 милиони евра. Општина Виница, реално, има околу 12.000 постојано жители. Значаен дел од нив се работно ангажирани во „Макпрогрес“, некоја од компаниите „Дади“ поранешен „Тондах“ и сегашен „Виенербергер“ и „Мебел Ви“.


Убедливо најголема компанија од аспект на остварени приходи е транспортната компанија „Дади Оил“ која се занимава со транспорт на нафтени деривати. Нејзиното седиште е во село Јакимово, населено место во општина Виница. Лани нејзиниот приход изнесувал 79 милиони евра, а добивката била 337.000 евра. Заедно со другите две компании „Дади компани СИМ“ и „Дади Компани“ фирма сопственик на другите две оваа групација има вкупен промет од 86 милиони евра и е убедливо најголема во виничката економија, а поголема е и од „Амфенол“ од Кочани најголемата компанија во тој регион (од Кочани до македонско-бугарската граница). Вкупниот профит на компаниите од „Дади“ е 800.000 евра.


„Макпрогрес“ е најголемата компанија со седиште во Виница, а воедно заедно со „Витаминка“ од Прилеп, една од двете најголеми македонски кондиторско-прехранбени индустрии. Оваа компанија чиј основач и сопственик е Александар Цветанов, е производител на брендовите „Винчини“ , „Сончева долина“ и „Армониа“, „Дониа“, „Фантазиа“ и „Натура“. Компанијата лани остварила приходи од 30,3 милиони евра и добивка од 1,6 милиони евра.


Најпрофитабилна виничка компанија е „Виенербергер“ поранешен „Тонах“ или винички “Пролетер“, компанија специјализирана за производство на керамиди и кровни покривачи. Лани оваа фирма остварила приход од 9,6 милиони евра  и профит од 2,8 милиони евра.


„Мебел Ви“ е еден од поголемите домашни производители на мебел. Лани оваа компанија , чиј сопственик е виничанецот Бранко Тасев, остварила приход од 4,7 милиони евра и добивка од 351.000 евра. 


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?