29 Април, 2024
0.0282

Две членки на АмЧам избрани помеѓу 8-те финалисти во “Иницијативата за Промовирање на Доверба во Бизнисот”

Објавено во: Македонија 02 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Две членки на Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам) - Пивара Скопје и ЕВН Македонија,се избрани меѓу 8-те финалисти во “Иницијативата за Промовирање на Доверба во Бизнисот” која е поттикната одмрежата на АмЧамс во ЕвропаиЦентарот за меѓународни приватни претпријатија (CIPE) од Вашингтон.

Иницијативата има за цел да ги промовира најдобрите примери за тоа како компаниите ги применуваат ESG-критериумите(еколошко, социјално икорпоративно управување) во пракса и ги унапредуваат своите бизнис операции на одржлив начин, притоа градејќи доверба и партнерство со локалните заедници.

Во иницијативата учествуваапроекти на повеќе од 30 компании членки на АмЧам асоцијациитеод 10 земји во Источна и Југоисточна Европа, а меѓу најдобрите 8 финалисти се избрани и проектите “Иницијатива за одржливост: Свет без отпад“ на Пивара Скопје и “Намалување на загаденоста на воздухот во Северна Македонија – “Популаризација и овозможување на е-мобилност” на ЕВН Македонија, активни членки во ESG Kомитетот на АмЧам Северна Македонија.

Проектот на ЕВН Македонија се фокусира кон создавањето на потребна инфраструктура(станици за полнење) за масовно користење на електрични возила низ целата држава, придонесувајќи за севкупен „позелен“ сообраќај кој истовремено ќе има позитивно влијание и врз намалувањето на загаденоста на воздухот.  Проектот на Пивара Скопје пак, има за цел да создаде одржлив систем за управување со отпадот од пакување, што вклучува организирано собирање и рециклирање, како и да ја подигне јавната свест. Сето ова во насока на намалување на негативните влијанија на отпадот врз животната средина. Преку овој проект компанијата изгради партнерство со неколку клучни општествени чинители, како граѓански здруженија, институции и медиуми.

Сите осум проекти-финалисти (ЛИНК ДО БРОШУРА) се препознаени како одлични примери на поттикнување доверба меѓу приватниот сектор и локалните заедници, градејќи одржливи партнерства што го подобруваат целокупното општество и инспирираат позитивни промени во самите земји.

Ова всушност се поклопува и со мисијата на ESG Комитетот на АмЧам Северна Македонија како локален промотор кој ја зголемува свеста за значењето на ESG-критериумите преку споделување на најдобрите практики за здрава социо-економска средина и фокусирање на основните компоненти на доброто владеење при развивањето стратегии кои носат одржливост, зелен раст и развој на циркуларната економија.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски