21 Мај, 2024
0.0289

ДУИ: Кандидати на БЕСА се сликаа со хашкиот осуденик Тарчуловски

Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Од ДУИ обвинуваат дека БЕСА води непринципиелна кампања и дека крие од албанските гласачи за нивната соработка со ВМРО-ДПМНЕ како две идеолошки блиски и меѓусебно координирани партии. Посебна забелешка ДУИ има за криењето дека членови на БЕСА биле со Јохан Тарчуловски кој е кандидат за градоначалник на општина Кисела Вода од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Кандидатите на БЕСА се сликаа на прослава со Јохан Тарчуловски осуден од Хаг за воени злосторства против Албанците, додека Зеќирија Ибрахими и Билал Касами гласаа за верификација на мандатот во Собранието“, велат од ДУИ.

Од ДУИ додаваат дека веќе на сите им е познато дека постои коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА.

„Ова го потврди и премиерот Заев, пратеникот Мухамед Зеќири, медиумите, и анкетираните од самиот терен. Беса, Зеќирија Ибрахими и Билал Касами никогаш не го негираа овој факт.

Обидувајќи се да се ослободи од скандалот со коалицијата на ВМРО, непринципиелните и антиалбански договори, не гласањето на албанскиот претседател на Собранието, не гласањето на реформската влада, поттикнувањето на инцидентот на 27ми април, а потоа и напуштањето на Собранието, сакајќи да го оправдува неуспехот и поразот, Беса и нивните мал број медиумски мегафони клеветат на бескрупулозен и нечовечки начин.

Граѓаните со право чекаат одговори и појаснувања за тврдењата на премиерот Заев, Мухамед Зеќири и сите други за анти-албанската коалиција ВМРО-БЕСА“, велат од ДУИ.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази