Добивај вести на Viber
Контраверзна идеја лансираше претседателот на општината Дубаи Хусеин Лутах. Тој сака на сиромашните граѓани да им отежне на сиромашните граѓани да поседуваат автомобил, со цел да се избегнат сообраќајните метежи.
Дубаи е место познато по луксузот, па тешко може и да се замисли дека таму живеат и посиромашни граѓани. Но, токму тие се најдоа на удар на Лутах, кој предлага колку што е можно повеќе да се отежне поседувањето на автомобил. Дел од неговите предлози вклучуваат поскап паркинг, гориво, осигурување и - она што е најконтраверзно - долна граница на приходи која е неопходна за еден човек да поседува автомобил.
„Секој има свој луксузен живот, но нашите патишта немаат капацитет да ги примат сите овие автомобили без закон за сопственост“, вели Лутах.
Дубаи не е единствениот град кој се решава на драстично намалување на сообраќајот. Пекинг веќе со години издава се помалку и помалку таблички за регистрација, па во овој момент во овој град се регистрирани само 150.000 автомобили, што е само една четвртина од оние кои биле регистрирани во 2010 година. Овие мерки се со цел да се намали високото ниво на загаденост.