ЧЕСТИТКИ ЗА ВРАЌАЊЕТО ВО БЕЛАТА КУЌА СО ГОЛИ ФОТОГРАФИИ НА ПРВАТА ДАМА - руска телевизија ја исмеја Меланија Трамп во ударен термин
Објавено во: Свет 09 Ноември, 2024 15:45
Руската државна телевизиска мрежа му честиташе на Доналд Трамп за реизборот за претседател, како и на неговата сопруга Меланија Трамп покажувајќи ги нејзините разголени фотографии во програма во живо, пишува Дневник.хр.
Во емисијата „60 минути“, руските водители на маж и жена Евгениј Попов и Олга Скабеева зборуваа за реизборот на Доналд Трамп и прикажаа бројни фотографии од манекенските денови на Меланија Трамп, вклучително и топлес фотографии од магазинот GQ во 2000 година.
Џулија Дејвис, основач на набљудувачката група „Русија медиа монитор“, објави видео од емитувањето на Мрежа Х со натпис: „Во меѓувреме во Русија: Вака најгледаниот државен ТВ канал во земјата го поздрави претстојното враќање на Меланија Трамп во Белата куќа. Олга Скабеева се труди да не се смее“.
За време на преносот, Скабеева не можеше да ја задржи насмевката, додека Попов рече: „Сега кога конечно победи сопругот на Меланија Трамп, таа се подготвува да се врати во Белата куќа по втор пат“. Вака изгледала Меланија во 2000 година. Ова е насловната страница на магазинот GQ. Идната прва дама лежи во неглиже, а во близина се секси фотографиите на Меланија каде таа лежи на син тепих со американскиот грб, како уредниците на машките магазини да знаат нешто за иднината на нивниот модел“.
Фото: EPAМожеби ќе ве интересира
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала




