08 Декември, 2024
0.1449

ГРАДЕЖНА МЕХАНИЗАЦИЈА КАЈ ЗГРАДИТЕ НА „ФИКОМ“ - кој таму гради? Ќе заличи ли грдосијата што запечати многу човечки судбини

Објавено во: Економија 09 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

По долги години никаква активност и грди недовршени згради во речиси централното градско подрачје, стоејќи како нем сведок на многу тажни човечки судбини на граѓани кои останаа извисени и измамени, деновиве за прв пат се забележува извесна градежна активност на зградите на пропаднатиот „Фиком“ во општина Кисела Вода.

Забележани се три машини од делот на градежната механизација, односно три мешалки за бетон, кои извршуваат некакви активности на кровната конструкција на зградите. 

Засега не е јасно кој е инвеститорот кој ги врши овие градежни активности и кога тој би ги завршил зградите.

Според пребарување на интернет може да се види дека весникот Вечер прес во септември 2021 година пишувал дека се отвора можност за довршување на карабината на зградата на „Фиком“, откако повеќе од деценија и половина беше споменик на градежната мафија во државата.

Стечајната управничка Весна Спирковска тогаш објавила оглас за продажба на правото на градба на станбено-деловниот комплкс „Антигона 2“, една од двете згради лепенки на „Фиком“ на улица Иван Козаров бб во скопската населба Кисела Вода, пишуваше медиумот. 

За 15 октомври таа година беше најавено дека ќе се одржи електронска аукција преку системот Е-стечај што се води при Централниот  регистар, а правните и физичките лица кои сакаат да учествуваат треба прво да се најават кај стечајната управничка и потоа најдоцна до 13 октомври да уплатат депозит или да достават банкарска гаранција во висина од 10 отсто од проценетата објавена вредност на објектот.

Инаку, овој објект е изграден до фаза на отворена карабина и проценет е на 56.698.550 денари, односно на околу 922 илјади евра. Според огласот, јавното наддавање требаше да биде со минимален износ од еден милион денари, односно 16.260 евра. 

Овој оглас тогаш ги израдува петте семејства кои своевремено ги отстапија куќите и земјиштето за изградба на зградата. Чекајќи ги договорените станови некои починаа, а некои до ден-денес живеат под кирија.

Инаку, во март 2015 година, порталот Фактор пишуваше досие за аферата Фиком, откако сопственикот на таа градежна фирма, Никола Николиќ, беше пронајден обесен во затворот во Штип. Управата за санкции тогаш соопшти дека 42 годишниот Николиќ за измами бил осуден на вкупна затворска казна во траење од 25 години и два месеци. 

Како што тогаш објави нашиот портал, станува збор за мега градежна афера и измама тешка повеќе од 10 милиони евра. 

Мега градежната афера „Фиком“ медиумите ја открија во 2006 година кога група граѓани тврдеа дека нивниот стан бил продаден уште на неколку лица. Се почна да се открива во 2006 година, а претходно сопствениците на ФИКОМ, сопружниците Николиќ успеале да измамат многу луѓе ветувајќи им евтини, модерни станови речиси во центарот на Скопје. Во седум згради во централното градско подрачје тие продавале станови по цена од 450 до 500 евра за метар квадратен, без склучен договор. За измамата да биде уште поголема, еден стан го продавале на повеќе лица. Стотици семејства беа оштетени, становите ги платија, но не добија дом. 

Зградите до ден се уште стоеја недоизградени, а сега конечно таму нешто се гради. Веројатно повеќе детали ќе се знаат во следните денови. 

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Функционерите во Црна Гора си ги зголемуваат платите за 30 отсто

Функционерите во Црна Гора си ги зголемуваат платите за 30 отсто

Купувањето пелети за греење се враќа во Македонија

Купувањето пелети за греење се враќа во Македонија

Еве како може да знаете дали 600-те производи од „новогодишната кошничка“ ќе бидат навистина намалени

Еве како може да знаете дали 600-те производи од „новогодишната кошничка“ ќе бидат навистина намалени

ВМРО-ДПМНЕ: Во раскинатиот договор со „Марковски компани“ подизведувач била фирма на Заеви

ВМРО-ДПМНЕ: Во раскинатиот договор со „Марковски компани“ подизведувач била фирма на Заеви

„ Светските енергетски лидери во Скопје: Македонија домаќин на глобалниот форум за енергетска иднина во 2025“

„ Светските енергетски лидери во Скопје: Македонија домаќин на глобалниот форум за енергетска иднина во 2025“

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата е упорна, платите многу се зголемија

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата е упорна, платите многу се зголемија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Минималната плата ќе ја договорат синдикатите и работодавачите, премиерот нема да се меша

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Минималната плата ќе ја договорат синдикатите и работодавачите, премиерот нема да се меша

МИЦКОСКИ ЗА СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ: Некои корисници примале до 60.000 денари, некои се починати, некои долго се отсутни од државата

МИЦКОСКИ ЗА СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ: Некои корисници примале до 60.000 денари, некои се починати, некои долго се отсутни од државата

ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ПО РЕД: Светските цени на храната растат

ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ПО РЕД: Светските цени на храната растат