22 Мај, 2024
0.2303

Државно неизградено земјиште во рацете на Тетово, Богданци и Центар Жупа

Објавено во: Македонија 16 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

На општините Тетово, Богданци и Центар Жупа владата им овозможи да го преземат процесот на управување со градежното неизградено земјиште, кое е во сопственост на Република Македонија. Тие доставиле соодветни барања и ги исполнуваат законските услови да го преземат процесот на управување со градежното земјиште.

- Управувањето со градежното неизградено земјиште,  сопственост на Република Македонија, понатаму самостојно ќе можат да го вршат општините Тетово, Богданци и Центар Жупа. Со оваа одлука, вкупно 42 општини до сега се здобиваат со правото да отуѓуваат и даваат под закуп неизградено градежно земјиште,  соопшти денеска Министерството за транспорт и врски.

Согласно Законот за градежно земјиште, општините кои ќе ги исполнат предвидените услови можат да ги водат постапките за отуѓување на неизградено градежно земјиште, сопственост на Република Македонија. Овие услови предвидуваат општините да имаат развиено и усвоено годишна програма за управување со државно градежно земјиште, да имаат минимален број лиценцирани општински службеници, да имаат воспоставен систем за електронско наддавање и комисија за јавно електронско наддавање.

Со управувањето на градежното земјиште од страна на општините се овозможува комплетирање на целата постапка, вклучително и купување и давање под закуп на градежното земјиште и добивање градежни дозволи, на едно место, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази