ДРЖАВИТЕ ДА ПРАВАТ РЕЗЕРВИ ЗА КРИЗНИ ПЕРИОДИ – што научивме од последователните кризи, каде да се насочат „силите“ во иднина
Објавено во: Економија 07 Мај, 2024
Државите треба да создаваат резерви во текот на „нормалните“ денови, за да има можности за реакции во кризни времиња. Ова е генералниот заклучок од истражувањето кое го спроведе Институтот за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“.
Аналитичарите на ова здружение ги испитуваа можностите за реакции на земјите од Западен Балкан. Притоа во нивната анализа насловена „ФИСКАЛНИОТ ПРОСТОР ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН -Доказ од неодамнешната повеќеслојна криза “ укажуваат дека наодите имплицираат дека земјите од Западен Балкан има фискален простор пред Глобалната финансиска криза од 2008 година и особено пред пандемијата
- Треба да се градат фискални бафери за време на некризни времиња, бидејќи тие поважно го одредуваат просторот за маневрирање за владата кога напаѓа криза. Ова е особено важно кога земјите работат на пониски нивоа на фискален простор, на пр. поради претходните владини потези или кризи кога таквиот фискален простор е значително искористен. Ова е случај за сите земји од Западен Балкан за време на пандемската криза од 2020 година, кои во просек го зголемија својот јавен долг. Ова ги остави овие земји со врзани раце за следнот шок, цените на енергијата и храната, кои потекнуваат од инвазијата на Русија над Украина во февруари 2022. Тоа имплицираше дека фискалните стимулации за време и последователно на тековната криза на енергетиката и цената на храната беа ограничени – укажуваат аналитичарите, во нивната анализа.
Притоа во анализата се истакнува дека силен начин за подобро управување фискалните политики во овој поглед е воспоставување на фискални правила – релевантни за јавноста за долгот и буџетски дефицит – што значително ќе помогне во обновувањето на фискалниот простор што е можно поскоро.
- Позитивен белег е тоа што повеќето земји воведоа фискални механизми како што се среднорочно фискално планирање и фискални совети. Дополнително, резултатите предупредуваат на премногу дарежливи фискални пакети за време на кризи, нагласувајќи ги потенцијалните негативни ефекти врз фискалната одржливост, што може да ги попречи идните способности за одговор на кризи. Фискалните правила може да бидат помошни и во тој поглед, бидејќи антикризните пакети треба да бидат строго насочени за да се избегнат мртви загуби на помагање на домаќинствата и компаниите кои биле или помалку погодени за време на криза или кои самите можеле силно да го поднесат притисокот – укажуваат истражувачите.
Анализа на мерките што ги спроведе македонската владата за да ги заштити домаќинствата и малите деловни потрошувачи за време на скоковите на цените на енергијата. Субвенции за електрична енергија за домаќинствата претставуваа значителен фискален товар во текот на енергетската криза, со приближна цена од 3,2 отсто од БДП или 9,2 отсто на државните расходи во 2022 година. Сепак, забележлив е процес на исфрлање во 2023.
- Едноставна квантитативна проценка на односот помеѓу субвенциите за електричната енергија и сегменти од државните расходи, вклучувајќи: јавно здравство, јавно образованието, социјалните трошоци и капиталните трошоци, открива знаци на натрупаност. Поконкретно, субвенциите за електрична енергија во однос на БДП се поврзани со намалување на јавните расходи наменети за јавното здравство и социјалните трошоци од 0,87 до 0,93 п.п. и 2,07 до 2,26 п.п.. од БДП, соодветно. Овој наод е особено релевантен, земајќи ги во предвид со оглед на тесниот фискален простор што е присутен во Македонија, иако во тек се процесите на фискална консолидација – нагласуваат истражувачите.
Посочуваат дека со ослободувањето на буџетскиот простор од прекумерните субвенции за струја, би можело да створи простор за инвестиции во напорите на структурната политика за подобрени јавни услуги и насочени мерки.
Воедно се укажува дека политиката на субвенционирање е испреплетена со капацитетот на земјата за производство на енергија и потпирање на увоз. Зголемени енергетски капацитети и снабдување може придонесе за подобра долгорочна отпорност и предвидливост, меѓу многуте несигурности кои доаѓаат во иднина. Ова би подразбирало ревносно долгорочно планирање и имплементација на стратегии за унапредување на енергетскиот сектор.
П.О.