ДОЖД И СНЕГ: Кога Македонија ќе ја зафати влажен бран?
Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2018
Попладне врнежите ќе се интензивираат и ќе се прошират насекаде низ Македонија.
На повисоките места ќе паѓа и снег.
Пообилни врнежи ќе има во западните подрачја (локално над 30л/м2). Ќе дува засилен југозападен ветер (над 70 км/ч, а на планините и над 100 км/час).
Во Македонија утре ќе преовладува сончево време со умерена облачност постудено и ветровито со засилен ветер од северозападен правец, поизразен во источните делови.
Максималната температура ќе биде до 8 степени. Сончевото време продолжува и во петок. За викендот нашето подрачје ќе биде зафатено со нов влажен воздушен бран проследен со врнежи претежно од дожд.