19 Мај, 2024
0.0288

ДОМАШНИТЕ БАНКИ И ФОНДОВИ НЕ ЈА „ШТЕДАТ“ ВЛАДАТА - ја кренаа каматата на државните обврзници на 4,4 отсто

Објавено во: Финансии 21 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Државните обврзници преку кои Владата се задолжува на домашен терен буквално ја „преплавија“ Македонската берза, каде што тие обврзници се ставаат на котација.  

Последна нив деновиве им се придружи повторно 15 годишна обврзница, на сума од нешто над пет милиони евра. Тоа значи дека Владата повторно се задолжила на домашниот пазар за тој износ, а парите ќе треба да ги враќа заклучно со ноември 2037 година.

Она што може да се забележи кај новата државна обврзница е дека повторно расте каматната стапка за задолжувањето на државава, па таа сега е највисока од стартот на годинава и изнесува дури 4,4 проценти.

Всушност, врз основа на анализата што ја направи Фактор, може да се види дека првата државна обврзница што била издадена на почетокот на годинава каматната стапка изнесувала 2,6 отсто, за сега парите што се позајмуваат значително да поскапат и да достигнат камата од 4,4 проценти.

Ако се погледне табелата може да се види дека во јануари била издадена 15 годишна државна обврзница на сума од 12 милиони евра, со камата од 2,6 проценти. Потоа, во март се издала обврзница со истата рочност, со износ од нешто над 15 милиони евра, а нејзината каматна стапка била 2,9 отсто. Следува исто така 15 годишната обврзница издадена во април, која била на помала сума од околу три и пол милиони евра и чија камата била пониска од претходната, 2,6 отсто.

Но, затоа, пак, во мај, државата имала многу поголема потреба од пари, поради што издала обврзница на сума од дури 16 милиони евра, а нејзината каматна стапка се искачила на 3,1 отсто. Како растеале притисоците од енергетската криза и потребата од пари за државниот буџет, така се зголемувала и каматната стапка, искачувајќи се на 3,7 отсто за 15 годишна обврзница издадена во јуни на сума од 5,7 милиони евра. Потоа веројатно дошло до мало релаксирање на условите, па во јуни била издадена уште една обврзница, на сума од шест милиони евра и со камата од 3,5 отсто. Но, радоста не траела долго, и во истиот тој месец се пристапува кон издавање на нова обврзница, „тешка“ 5,6 милиони евра, и со каматна стапка од 3,7 проценти.

Во август биле издадени три државни обврзници, со уште повисоки камати. Односно, една од обврзниците била на сума од пет милиони евра и имала камата од 4,2 отсто, втората тежела повеќе, односно 7,5 милиони евра и имала камата од 4 отсто, додека, пак, третата августовска обврзница била убедливо најгломазна и била издадена на износ од 25 и пол милиони евра, а нејзината каматна стапка изнесувала исто така 4 проценти.

Во септември се издадени две обврзници, од кои првата е на мниогу мала сума од 750 илјади евра и имала камата од 4 отсто, додека, пак, втората октомвриска ваква хартија од вредност има сума од 14 милиони евра, а нејзината камата била 4,2 проценти.

И конечно, овој месец засега е издадена една едвообврзница, на износ од 5 милиони евра, а нејината каматна стапка е највисока досега и изнесува 4,4 отсто.

Или, вкупната сума на државните обврзници кои се издадени годинава и кои треба да се вратат во 2037 година, без притоа да е пресметана каматата, изнесува 122 милиони евра.

Но, овој износ на задолжување е само многу мал дел од парите кои и се потребни на земјава поради енергетската криза и сите мерки што треба да бидат донесени. Познато е дека земјава ќе земе 530 милиони евра од ММФ, како и 250 милиони евра од германска обврзница. Претходно беа позајмени и 50 милиони евра од Шпаркасе банка.

Каматната стапка на кредитната линија за претпазливост од ММФ ќе биде меѓу 1 и 2 проценти, што според овдешните власти, е признание од Фондот за здравите економски политики кои се спроведувале во земјава. Каматната стапка, пак, на германската обврзница е 3,75 отсто плус 6 месечен ЕУРИБОР, додека стапката на заемот од Шпаркасе банка изнесува 2,2 проценти. 

Ова значи дека државната обврзница која е последно издадена деновиве, ја има највисоката камата во споредба со другите извори на финансисрање.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат