10 Мај, 2024
0.0255

Домашен ајвар-крал на зимниците

Објавено во: Мои пари 18 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Есенските викенд прошетки веќе не се она што беа порано. Недостасува еден ситен, но многу значаен детал. Недостасува мирисот на печени пиперки кој го обземаше нашето сетило за мирис и предизвикуваше блажена насмевка, најчесто проследена со реченицата: „Ммм, некој од комшииве прави ајвар.“ Непишано правило во секое домаќинство беше дека еден од викендите во септември или првата половина на октомври е резервиран за подготовка на „кралот на зимниците“. Денот кога во една куќа се правеше ајвар беше празник. Едноставно, тоа беше најлесен начин да се собере на куп целото семејство, бидејќи сите сакаа да учествуваат во подготовката на домашниот ајвар. Да се направи вкусен ајвар, кој предизвикува и мами, и пред сèајвар на кој ќе завидуваат соседите, беше вистински предизвик. Се разбира, врвот на задоволството беше макањето врел ајвар од шерпата во која се пржел неколку часа.

Но, работите се променија во последните неколку години. Делумно заради законските забрани за приготвување ајвар на отворено, делумно заради модерниот и динамичен начин на живеење. Подготвувањето домашен ајвар повеќе не е правило туку исклуок. Сепак, тоа не значи и дека е намалено нивото на конзумација на „црвеното богатство“. Ајварот и натаму го одржува приматот на врвен деликатес во есенските и зимските месеци. Едноставно не постои човек кој не јаде ајвар. Некои го практикуваат како дел од обилниот појадок со тазе лепче, сирење и јогурт. Други како додаток на ручекот. А, трети како лесен оброк за вечера, пред спиење. Тоа го прави еден од најуниверзалните и најобожувани специјалитет. Токму заради ова, во секое домаќинство, во секој момент мора да има залиха од барем 2-3 тегли ајвар.

Тоа го отвора прашањето каков ајвар да се купи. Рафтовите во маркетите, особено во овој период од годината, се преполни со ајвар од најразлични брендови и производители. Тоа им отвора многу дилеми на потрошувачите, чија главна цел е да добијат вкусен и квалитетен производ по прифатлива цена. Многумина се распрашуваат по соседи и пријатели или пак купуваат по една тегла од повеќе производители за да го одберат оној кој ќе го придобие нивниот вкус. Во ерата на интернетот, една од „најжешките“ теми на онлајн форумите и социјалните медиуми се токму ајварот и останатите зимници, кои порано се подготвуваа дома. Прашањата кои најчесто се поставуват се: Од каде да се купи зимница? Од кој производител? Кој бренд на ајвар е со вкус што најмногу потсетува на домашниот ајвар?

Најголем дел од индустриските ајвари се произведуваат на поинаков начин....

Сепак, има производители кои го негуваат традиционалниот начин на приготвување ајвар. Домашниот ајвар и домашната лутеница од брендот „Hina Products“ се подготвуваат по оригинален домашен рецепт. Она што ги издвојува од останатите ајвари што може да се најдат на рафтовите во маркетите е дека производите се 100% природни и содржат внимателно избрани состојки, а во исто време се без додатоци на скроб и вештачки бои и ароми. Компанијата има 11-годишно искуство во производството и преработката на овошје и зеленчук што е доказ повеќе дека станува збор за висококвалитетни производи, кои се усовршувале низ годините. 

Можеби ќе ве интересира

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните