29 Април, 2024
0.0275

„ДОБИВАЛЕ СОЦИЈАЛНА ПОМОШ ИАКО НЕ ТРЕБАЛО“: министерот вели дека државата е оштетена за над 2,5 милиони евра

Објавено во: Македонија 15 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Повеќе од илјада граѓани добивале социјална помош иако според правилата не трбало да добиваат, соопшти министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски денеска на прес-конференција. 

Тој објасни дека овие лица, во период од јуни 2022 година до минатиот месец добиле незаконски парични средства во име на социјална помош. Со ова, како што рече, е оштетен буџетот на Министерството за над 2,5 милиони евра.

- Ја искористиле ковид кризата кога се олесниле условите за користење на социјалните права од аспект на поседување регистрирано моторно возило и во системот влегле сите возила постари од пет години. Иако официјално ковид кризата завршила на 30.06.2022 година, ништо не се преземено за преиспитување на предметите на корисниците што поседуваат регистрирано моторно возило и истите останале во системот на социјалната заштита и неосновано ги користеле правата - изјави Велковски.

Според Велковски, во Законот за социјална заштита од 2019 година и подзаконските акти е определено дека доколку подносителот/корисникот поседува регистрирано моторно возило не може да го оствари и користи правото на ГМП.

За овие лица, веќе се изготвени и донесени 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална сигурност, со забрана за користење на правото во наредните 12 месеци. 

Велковски појасни дека граѓаните имаат право на редовен правен лек до второстепените органи па дури потоа центрите за социјална работа ќе склучат спогодби за враќање на неосновано примените парични средства.

- Се поставува прашањето што работеле раководните структури на министерството во овие 18 месеци - додаде Велковски.

Тој посочи дека на 20 јануари оваа година е склучен договорот за размена на податоци на дата базите по електронски пат меѓу тогашните министри Тренчевска и Спасовски. 

- Првата размена на податоци е направена дури на 5 март оваа година што дополнитело го наметнува прашањето: Зошто се чекало? А што правела министерката до 20 јануари 2024 година? Дали се обезбедувале податоци секој месец како што предвидува законот или пак размената на податоци преку CD или USB е доставувано во нереално време односно со задоцнување од неколку месеци со што се овозможило во системот да влезат лица на кој не им следуваат овие права. 

Се уште останува енигма и прашањето, зошто се чекало моето назначување како технички министер за да почне размената на податоците кога истата можела да се направи и веќе наредниот ден, а тоа е 10 дена пред моето назначување за министер - посочи Велковски.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи