ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители
Објавено во: Македонија 19 Април, 2024
ДКСК со 4 гласа за и еден против, повторно го усвои приговорот на Проф. Гордана Силјаноска Давкова во врска со прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители.
Против оваа одлука гласаше членот на ДКСК Софија Спасова Медарска, поранешен судија во Основниот граѓански суд во Скопје, велат извори од ВМРО-ДПМНЕ.