18 Јуни, 2024
0.0257

Дипломатијата треба да биде ориентирана кон бизнисот и да развива нови димензии – заклучоци од панел дискусијата организирана од Меѓународниот Балкански Универзитет

Објавено во: Мои пари 15 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Нашата дипломатија пред сè треба да биде ориентирана кон бизнисот. Ќе ги разгледаме сите аспекти во тој дел бидејќи нашата економија мора да биде отворена, како што е и случај со секоја мала земја. Ако зборуваме пред сè за индустрија, таа мора да биде извозно ориентирана и тука мислам дека бизнис дипломатијата треба да си го заземе своето место иако има сериозен простор за напредок и за подобрување во овој сегмент“, ова го истакна Кочо Анѓушев, Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања на панел дискусијата на тема „Бизнис и дипломатија“ што ја организираше Меѓународниот Балкански Универзитет (МБУ).

На настанот, на кој модератор беше Снежана Билиќ, декан на Факултетот за економија на МБУ, панелисти беа и Штефан Петер, претседател на УО на ЕВН Македонија и претседател на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на РСМ и Исмаил Аљили, советник за надворешна политика на претседателот на Северна Македонија.

„Самата тема е актуелна и задоволство е да се продискутира на овие теми со млади луѓе бидејќи покрај тоа што јас имам да им пренесам нешто од моето искуство, секогаш е многу интересно да се слушне како и тие размислуваат и мислам дека и од нив има што да се научи“, додаде Анѓушев.

Претседателот на УО на ЕВН, Штефан Петер, нагласи дека политиката и бизнисот секогаш одат заедно, дека едното не може без другото, а има и многу добри примери за тоа како бизнисот и политиката можат да се комбинираат. „Главни причини поради кои странските компании се заинтересирани за инвестирање во земјите како Северна Македонија се искористување на природните ресурси, човечките ресурси, нивниот квалитет за поприфатлива цена на човечкиот капитал и потрошувачите. Владата и компаниите имаат заедничка цел, тоа е опслужување на потрошувачите и подобрување на квалитетот на нивниот живот. Да не заборавиме дека во крајна линија, секоја компанија која доаѓа да инвестира во некоја странска држава има една цел, а тоа е профитот. Мора секогаш да се задржи балансот меѓу придобивките за Владата и компанијата.

За Аљили темата е многу актуелна и е важна за нашата држава затоа што досега имавме големи напори и успеси во традиционалната дипломатија, но потребно е прилагодување. „Мораме да имаме нови димензии на дипломатијата, таа повеќе да биде како економската, културната дипломатија. Иако досега имавме сериозни обиди, мислам дека е време да се фокусираме на soft power после сериозни прашања што ги решивме со голем успех“, рече Аљили.

Меѓународниот Балкански Универзитет којшто според Шангајската листа е најдобар во државата во областа на наставата и учењето, поседува двојна акредитација, од Македонија и од Турција, со комбинација на напредни програми и методи за студирање во мултинационална средина. На МБУ во моментов студираат повеќе од 2000 студенти од Македонија, Турција, Црна Гора, Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија. Универзитетскиот кампус располага со седум факултети, вклучително 18 програми за додипломски студии и 10 програми за постдипломски студии во различни области, како што се инженерство, архитектура, економија, административни науки, ликовна уметност, образовни науки, комуникација, хуманистички науки и општествени науки. Во процес на акредитација е и новоформираниот Факултет за медицински науки, кој ќе отвори нови можности за младите во државата да се професионализираат во висококвалитетни образовни услови и во оваа многу значајна област. На ниво на универзитетот воспоставени се релации кои нудат многу можности за студентите, пред се преку програмите за размена како Еразмус+ и Мевлана, како и договори за билатерална соработка со истакнати европски универзитети.

Можеби ќе ве интересира

ТРИ УСПЕШНИ ГОДИНИ ЗА СПОРТСКИОТ ЦЕНТАР „ПРЕМИУМ“

ТРИ УСПЕШНИ ГОДИНИ ЗА СПОРТСКИОТ ЦЕНТАР „ПРЕМИУМ“

Атс Груп покрај постоечките три фабрики ja претстави и новата фабрика за технички текстил на престижниот саем еуросатори 2024

Атс Груп покрај постоечките три фабрики ja претстави и новата фабрика за технички текстил на престижниот саем еуросатори 2024

Breitling воведува двa возбудливи додатоци на својата линија Superocean

Breitling воведува двa возбудливи додатоци на својата линија Superocean

Samsung Galaxy S24 Ultra го надополнува искуството за пренесување и гледање на Олимписките игри во Париз во 2024 година

Samsung Galaxy S24 Ultra го надополнува искуството за пренесување и гледање на Олимписките игри во Париз во 2024 година

КИБС АД Скопје - лиценциран оператор согласно платежната регулатива на ЕУ

КИБС АД Скопје - лиценциран оператор согласно платежната регулатива на ЕУ

Првата лимитирана едиција на IQOS ILUMA - Neon Purple достапна на македонскиот пазар

Првата лимитирана едиција на IQOS ILUMA - Neon Purple достапна на македонскиот пазар

УНИБанка го поддржа одбележувањето на 100 годишниот јубилеј на Светската Шаховска Федерација

УНИБанка го поддржа одбележувањето на 100 годишниот јубилеј на Светската Шаховска Федерација

Важноста на патничкото осигурување!

Важноста на патничкото осигурување!

„Само додај Coca-Cola“ – прва кампања во Македонија целосно креирана со AI

„Само додај Coca-Cola“ – прва кампања во Македонија целосно креирана со AI